Браунис со темно чоколадо, за лесно и вкусно чоколадно уживање! Брз и едноставен рецепт за оние денови кога посакувате нешто благо, а немате доволно слободно време за да си подготвите. А најдобро од сѐ е тоа што не содржи шеќер и брашно.

Добар филм, пријатна домашна атмосфера и вкусно топло чоколадо за совршен зимски ден! Топлото чоколадо е еден од најпопуларните зимски задоволства на сите генерации. Има неодолив вкус, а неговата подготовка е едноставна и секој може да го направи. За максимално уживање во ладните денови ви предлагаме одличен рецепт за супер вкусно топло бело чоколадо. Опуштете се и почуствувајте ја магијата на совршениот спој на вкусови.
„На кулинарската дружба ѝ нема крај! Инспирацијата за овие превкусни, чоколадирани колачи со кокос ја добив од групата Сѐ за храна, каде мојата пријателка Елена го сподели рецептот. Премногу ми се допаднаа, а како голем љубител на кокос морав да ги направам и пробам. При подготовката направив измени, ја намалив количината на шеќер, а додадов и кокосово масло. И што да ви кажам… ако ги обожавате баунти колачињата со кокос, овој рецепт мора да го направите. Подобри се од купечките!“ – вели Марија од нашиот тим.
Популарниот леб со банани и чоколадо – колач започна да се приготвува и кај нас. На Инстаграм може да се најдат повеќе креативни профили на млади девојки и момци кои се трудат светските трендови во готвењето да ги донесат и кај нас. Затоа, одлучивме да ги вклучиме најдобрите македонски фуд блогери од Инстаграм и да ги презентираме вкусните рецепти кои ги приготвуваат.
Летото е совршена можност за да уживате во „чоколадна фонтана“ подготвена во вашиот дом. Сѐ што ви е потребно е совршено чоколадно фонду и сезонско овошје како јагоди, банани, грозје, киви или било кое друго по желба. Чоколадното фонду може да го користите и за глазирање на колачиња, манчмелоу и оризови галети. Уживањето е гарантирано.
Велигденските празници се одличен повод да направиме вкусен козињак со чоколаден Луна крем и да се засладиме. Богатиот вкус на чоколадо во комбинација со рум и ванила ќе ги задоволи и најпребирливите дегустатори. Покрај тоа, неговиот декоративен изглед го прави неодолив украс на секоја празнична трпеза.