Празничен колач со чоколадо и ореви 1

Празничен колач со чоколадо и ореви – идеално добар за секое семејство

„Овој рецепт одеднаш ми стана посебно драг! А, знаете ли зошто?! –  Затоа што состојките ги има во сечиј дом и ќе може да ја краси празничната трпеза на безброј семејства.“ – споделува со нас Катерина од нашиот тим за нејзиниот празничен колач со чоколадо и ореви. 

Еве што друго ни кажа: „Нема сложени и недостапни состојки, ниту постапка, не употребив ниту миксер. Одлика на моето готвење е да биде брзо и лесно, едноставно колку што се може и неизмерно вкусно. Првичната мотивација и инспирација за да го креирам овој рецепт, беше какао таблата или народно кажано, чоколадото на Витаминка за кулинарскиот предизвик објавен на sezahrana.mk. Дегустаторите ми беа нетрпеливи да завршам со фотосесијата  па не стигнав да го сликнам кафенцето што одеше во совршен пар. Оставам на вас да го направите и пробате со омиленото кафе или чај, па самите да ми раскажете за вашето неизмерно уживање. Направете го, истиот ден ќе го снема, гарантирам! Испратете ми слика или означете ме, со радост ќе ве споделам на моето стори!“. А, еве го и рецептот. 

Празничен колач со чоколадо и ореви 2

Состојки: 

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги јајцата и изматете ги со виљушка. 
  2. Додајте ги и млекото и маслото. Измешајте.
  3. Во друг сад ставете ги сувите состојки, измешајте и соединете ги со течните.
  4. Исечкајте ги оревите, а потоа и 50 грама од какао таблата. Лесно ќе препознаете колку ви треба, затоа што е бележана на ленти од 10 грама. 
  5. Смесата добро измешајте ја и ставете ја во калапот за печење, претходно обложен со хартија.
  6. Одозгора, за декорација, наредете го остатокот од какао таблата, исечкан на ленти.
  7. Рерната загрејте ја на 200 степени, а штом го ставите колачот намалете ја на 180. Печете 35 минути, па намалете на 150 степени и печете уште 10 минути. Уживајте во светот на вкусовите!

„Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина.

Автор на рецепт и фото: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи мафини со чоколадни трошки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: