5 причини зошто темното чоколадо е добро за здравјето на жената

5 причини зошто темното чоколадо е добро за здравјето на жената

Колку често уживате во чоколадо? Многумина се одрекуваат од чоколадото, мислејќи дека тоа е нездрава храна. Но, не се сите чоколада исти. Денес ви откриваме 5 причини зошто темното чоколадо е добро за здравјето на жената.

Познато е дека, после овошјето, црното чоколадо е најздравата храна за засладување. Какаото е намирница која може да биде исклучително корисна за здравјето, па често се сместува во групата на намирници кои се наречени супер храна. А од текстот во прилог дознајте зошто темното чоколадо е добро за здравјето на жената.

5 причини зошто темното чоколадо е добро за здравјето на жената

Ја намалува болката

Рецепторите за болка реагираат многу бавно кога јадеме чоколадо. Важно е да споменеме дека пожелно е да се консумира чоколадо, но во умерени количини.

Дејствува превентивно на компликации во бременоста

Теобин, супстанца која се наоѓа во чоколадото, може да го намали ризикот од прееклампсија, една од најчестите компликации со кои се соочуваат трудниците. Во овој случај, изборот треба да биде темно чоколадо, бидејќи колку е поголем процентот на какао, толку подобро. Прееклампсијата е примарно поврзана со висок крвен притисок кај трудниците, а редовното консумирање темно чоколадо може да го намали ризикот од развој на прееклампсија за 69 проценти.

Силен борец против ПМС

Чоколадото го ослободува хормонот на среќата ендорфин, а со тоа ја намалува нашата анксиозност. Освен тоа, чоколадото е богато и со магнезиум, кој се смета и за еден од подобрите природни поттикнувачи на расположението, го спречува задржувањето на водата во телото и ја намалува надуеноста.

Заштитува од срцеви заболувања

Антиоксидансите кои ги има во него го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар.

Помага да останете витки

Можеби звучи неверојатно, но едно истражување покажа дека луѓето кои редовно консумираат помали количини темно чоколадо имаат помал индекс на телесна маса. Само неколку коцки темно чоколадо ќе ја задоволат дневната потреба за слатко.

Ви препорачуваме да прочитате: Темно чоколадо: црно, но здраво!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: