банана леб колач

Леб со банани и чоколадо

Популарниот леб со банани и чоколадо – колач започна да се приготвува и кај нас. На Инстаграм може да се најдат повеќе креативни профили на млади девојки и момци кои се трудат светските трендови во готвењето да ги донесат и кај нас. Затоа, одлучивме да ги вклучиме најдобрите македонски фуд блогери од Инстаграм и да ги презентираме вкусните рецепти кои ги приготвуваат.

„Колач или леб со банани и чоколадо е одличен брз рецепт кој можете да го направите со само 4 состојки. Овој леб без брашно од 4 состојки се прави само со банани, овес, путер од кикирики и чипс од чоколадо. Тоа е тоа и е толку неверојатно вкусно! Како што реков, само 4 состојки! И оние што веројатно секогаш ги имате при рака.“ – вели Теодора.

леб со банани и чоколадо

Состојки:

  • 2 зрели банани
  • 2 чаши овесни снегулки
  • 1 чаша путер од кикирики
  • 1 чаша чоколаден чипс.

Подготовка:

  1. Обложете ја тавата со хартија за печење и загрејте ја рерната на 200 степени.
    Во сад додајте ги бананите, овесот и путер од кикирики. Мешајте ги состојките со рачна маталка се додека се изедначат. Внимавајте да не го мешате тестото прекумерно затоа што тоа ќе доведе до погусто лепче.
  2. На крај додајте го чоколадиот чипс и декорирајте го лебот по желба со тенки парчиња банана и неколку чоколадни зрнца пред печење.
  3. Лебот печете го за време од 30-35 минути. По печењето, оставете го целосно да се излади во садот.
  4. На крај извадете го и послужете го. На здравје!

Совети од авторот:

Лебот од банани чувајте го во затворен сад. Колку повеќе ви се зрели бананите, толку е посладок лебот. Слободно можете да го замените путерот од кикирики со путер од бадем или друг путер ако не сте голем љубител на кикирики. Овесот е тој што му дава текстура на лебот – совршен начин да го замените брашното. Доколку сакате да го направите рецептот без глутен, не заборавајте да користите овес без глутен. Чоколадниот чипс е клучна состојка. Но, слободно може да го искористите вашето омилено чоколадо.

Автор: Теодора Ѓикова, @theavogue.

Ви препорачуваме да прочитате: Банана леб со кикиритки и портокал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: