козињак со луна крем - испробани велигденски десерти

Козињак со чоколаден крем – од кујната на Марија Кочовска

Велигденските празници се одличен повод да направиме вкусен козињак со чоколаден крем и да се засладиме. Богатиот вкус на чоколадо во комбинација со рум и ванила ќе ги задоволи и најпребирливите дегустатори. Покрај тоа, неговиот декоративен изглед го прави неодолив украс на секоја празнична трпеза.

колач со страчатела фил

Чоколаден рум колач со страчатела фил

Совршенство на вкусови и идеален летен десерт на кој никој нема да остане рамнодушен. Во нашата кујна направивме слатка магија и го приготвивме чоколадниот рум колач со страчатела фил. Мек и сочен колач, надополнет со богат фил од ванила, чоколадо и кокос…

Домашни вафли со рум 1

Домашни вафли со рум

Кујната на Бетина се совпаѓа со нашата во многу нешта, а дел од нив се едноставноста и добриот вкус на рецептите! Уживаме кога ги дегустираме нејзините јадења, па ви предлагаме да го пробате нејзиниот рецепт за домашни вафли со рум и да се засладите со семејството.

чоколаден колач со рум

Чоколаден ролат со рум – божиќна гранка

Ни наближуваат убави празници! Сите сме во потрага по интересни идеи и рецепти, за убаво да ја дочекаме Новата година. А на блогот на нашата пријателка Лана, пронајдовме интересен рецепт за чоколаден ролат со рум во форма на божиќна гранка.

пекмез од сливи

Пекмез од сливи со цимет и рум – печен во рерна

Оние кои го пробале вака подготвениот џем од сливи со цимет и рум печен во рерна велат дека е дури и повкусен од традиционалниот, а и дека трае многу подолго. Најдоброто во овој рецепт е тоа што не ви се потребни конзерванси, туку само малку рум, цимет или ванила.

Чоколаден ликер со рум 1

Чоколаден ликер со рум

За ексклузивно славење со одбрано друштво! Домот е идеално место за уживање во вакви слатки нешта. Дефинитивно препорачуваме да го испробате баш овој рецепт! Ако сакате нешто посебно со кое може да ги почестите пријателите, верувајте тоа е овој чоколаден ликер со рум!

Посни американски палачинки со рум 1

Посни американски палачинки со рум

Супер се вклопуваат со шолја кафе! Меки, сочни, сунѓерести и неодоливо вкусни! Мора да се пробаат, за да почувствувате колку се убави и вкусни. Од овој рецепт ќе добиете 10-12 посни американски палачинки со рум, зависно од големината што ќе ја изберите!

Божиќен ликер 1

Божиќен ликер

Божиќ е еден од најголемите и омилените празници кај нас, посебен ден кога се слави и се споделуваат моменти со семејството. За да ни бидат уште подрагоцени и побогати овие собири, нашата пријателка Тања несебично го сподели најзиниот испробан и проверен рецепт за Божиќен ликер.  

Џем од сливи со цимет и рум 1

Џем од сливи со цимет и рум

Класика, но со нови фини ноти. Овој пат со доза егзотика! Можете ли да замислите ароматично доживување кое ги радува вкусните папили во устата? Толку е вкусен вака припремениот џем од сливи со цимет и рум. Мирис кој ќе го посакувате секое утро!