чоколаден колач со рум

Чоколаден ролат со рум – божиќна гранка

Ни наближуваат убави празници! Сите сме во потрага по интересни идеи и рецепти, за убаво да ја дочекаме Новата година. А на блогот на нашата пријателка Лана, пронајдовме интересен рецепт за чоколаден ролат со рум во форма на божиќна гранка.

За да го направите овој ролат потребни ви се неколку состојки, а подготовката е едноставна. Би рекле дека секој со мало искуство во подготовката на ролати може да го направи.

чоколаден ролат со рум

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 г шеќер
  • 100 г брашно.

За фил:

  • 250 г путер
  • 150 г шеќер
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • рум.

Подготовка:

  1. Белките ставете ги во сад за матење. Изматете ги со миксер додека добиете цврст шлаг. Во садот со изматените белки додајте ги шеќерот и жолчките и продолжете со матење додека добиете густ шлаг.
  2. На крај, во садот додајте го брашното и измешајте со лажица. Тестото ставете го во правоаголна тава обложена со хартија за печење. Доколку немате хартија за печење, тавата намрсете ја и поросете ја со брашно.
  3. Пандишпанот печете го во загреана рерна на 220 степени за време од 10 до 12 минути. Печениот пандишпан оставете го кратко да се излади.
  4. Потоа, извадете го од тавата, превртете го и отстранете ја хартијата за печење. Пандишпанот, повторно ставете го врз хартијата и завиткајте го во форма на ролат.
  5. Путерот изматете го пенесто. Во сад на пареа ставете ги шеќерот, чоколадото, ванилиниот шеќер и јајцата. Матете ги со миксер додека смесата се згусти, а јајцата се пастеризираат. Потоа садот ставете го ладна вода, за да се излади филот.
  6. Во изладениот фил додајте ги изматениот путер и румот. Измешајте ги за да се добие хомогена смеса.
  7. Пандишпанот премачкајте го со повеќе од половина од филот и свиткајте го како ролат. Ролатот го пресекуваме на два дела, така да добиеме форма на гранка. Го премачкуваме со преостанатиот фил и со помош на виљушка (која претходно сме ја чувале во врела вода) правиме декорација која ќе асоцира на кора од дрво.

Ви предлагаме да прочитате: Нугат ролат со кикирики и чоколадо.

Сподели: