џем од смокви

Домашен џем од смокви со рум и ванила

За појадок, ужина или кога ви се каснува нешто благо, послужете се со домашен џем од смокви. Смоквите ги има на пазарите, па време е да се засладиме со најубавите рецепти.

Рецептот за ароматичниот џем од смокви со рум и ванила ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана, која го објави на блогот Kuhinjica Mignone. Наведените состојки се доволни за една тегла со џем, а ако сте обожавател на домашни мармалади и џемови, слободно зголемете ја количината на состојките.

домашен џем од смокви

Состојки:

  • 500 грама свежи смокви
  • 100 грама шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • лимон
  • 2 мали лажици рум
  • 50 мл вода.

Подготовка:

  1. Смоквите измијте ги, скинете ги дршките и исечете ги на половина или четвртина (по желба може да ги сомелете).
  2. Посипете ги со шеќер и додајте малку вода. Ставете ги во тенџере на оган на јака температура и варете ги за време од десетина минути. Потоа намалете ја температурата и продолжете со варењето, до посакуваната густина за време од 30 до 40 минути.
  3. Лимонот исечете го на кругови.
  4. На крајот од варењето, во тенџерето додајте два до три кругови лимон и малку рум за убава арома. По желба може да додадете и рендана кора од портокал.
  5. Готовиот џем од смокви ставете го во загреани (стерилизирани) тегли и затворевте го со капак. Теглите чувајте ги на ладно место. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен мармалад од смокви.

Сподели: