џем од смокви

Домашен мармалад од смокви

Овој марамалад се припрема брзо и е фантастичен. На многу лесен начин и за кратко време ќе добиете вкусен домашен мармалад од смокви кој е одличен за мачкање, а супер се вклопува и во разни штрудли, торти и колачи.

Пробајте го и вие фамилијарниот богат вкус со посебна арома, кој сигурни сме ќе ги освои симпатиите на сите членови од семејството!

мармалад од смокви

Состојки:

  • 700 гр смокви
  • 2/3 чаша шеќер
  • кора и сок од 1 лимон
  • 1 ½ лажица вода
  • прстофат сол
  • eкстракт од ванила.

Подготовка:

  1. Смоквите најпрво измијте ги, па пресечете ги на четвртинки.
  2. Така исечканите смокви заедно со шеќерот, кората и сокот од лимон, водата и солта, ставете ги во длабок сад и оставете смесата да стои 30 до 45 минути.
  3. Потоа садот со смесата ставете го на оган на средна температура и мешајте додека зоврие. Варете 20 до 30 минути за да омекнат, а потоа тргнете го садот од оган и оставете да се излади.
  4. Изладената смеса ставете ја во блендер, додадете ја ванилата и иситнете до посакуваната хомогеност.
  5. На крај, оставете мармаладот од смокви да се излади на собна температура, па ставете го во тегла и чувајте го во ладилник за време од 2 до 3 недели.

Земете парче топол леб и намачкајте мармаладот од смокви. Доколку имате малку повеќе време направете десерт кој може да го филувате со мармалад од смокви. На здравје!

Сподели: