Лесно, вкусно и едноставно смути од банана за витка линија и енергија

Микс од овошје или зеленчук во чаша е одлична идеја за здрав почеток на денот! А, ако сте во потрага по хранливо, вкусно и здраво освежување, ова смути од банана е вистинскиот избор за вас! Ќе го направите многу брзо и лесно, а ќе ви бидат потребни само неколку состојки.

Секој од нас барем еднаш во денот се пожалил на недостаток од енергија. Брзото секојдневие и стресниот начин на живот негативно влијаат врз здравјето на луѓето кои често се жалат на замор во текот на работната недела. Токму поради тоа, исхраната и физичката активност играат главна улога во обезбедувањето на потребната енергија за да може да се издржи напорното секојдневие. А смути пијалаците се одличен начин да го вклучите овошјето и зеленчукот во вашата исхрана и на природен начин да ги наполните батериите.

Лесно, вкусно и едноставно смути

Состојки:

Подготовка:

  1. Бананата излупете ја и пресечете ја на половина.
  2. Заедно со останатите состојки ставете го во блендер и изблендирајте за состојките да се изедначат.
  3. Смутито сервирајте го во чаша или чинија, декорирајте со овесни снегулки и парчиња банана по желба. Послужете и на здравје!
Лесно, вкусно и едноставно смути од банана за витка линија и енергија

Дали знаеш дека 1-2 лажици ленено масло на ден ги обезбедува дневните потреби на омега 3 и омега 6 масните киселини во организмот?

Освен омега 3 и омега 6 масните киселини, ладно цеденото масло од ленено семе е богат извор на минерали како манган, калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен. Го подобрува варењето на храната и го поддржува кардиоваскуларното здравје. Лененото масло го зајакнува имунитетот и содржи голем процент на растителни влакна. Ова масло може да го набавите во поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила. Ладно цеденото масло од ленено семе е достапно во пакување од 500 мл и 250 мл.

смути

Совети плус:

  • По желба, во смутито додајте и други семиња.
  • Ако сте љубител на ладни пијалаци може да ставите и 1-2 коцки мраз.
  • За побогат вкус и арома по желба додајте и малку цимет.

Ви предлагаме да прочитате: 6 здравствени придобивки од популарните ленено семе и масло од лен.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Фила.

Сподели: