Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Милкшејк од банана и јагоди за 5 минути

Природно, домашно и превкусно! Совршенство во чаша само за 5 минути! Ако си за неодоливо вкусен милкшејк од банана и јагоди ти препорачувам да пробаш во првата прилика! Ти нудам избор да го прочиташ рецептот или да го погледнеш на видеото тука!- вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

Освежително и хранливо, од лесно достапни состојки, а во овој случај и со нутритивно засилување плус со додаден инулин за богатство од растителни влакна и интестинална поддршка. додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Состојки:

  • 1 банана
  • 5 до 6 јаготки
  • 1 лажица мед
  • 10-тина бадеми
  • 250 мл млеко (по желба растително)
  • 1 лажиче инулин.

Подготовка: 

Се сечка овошјето, па се додаваат останатите состојки и се блендира. Уживајте!

Видео подготовката од рецептот погледни ја со клик тука.

А зошто додадов инулин?

Бидејќи инулинот е важна пребиотска дигестивна поддршка за организмот. Спречува појава на запек, го олеснува варењето на храната, ја подобрува апсорпцијата на калциумот, го поттикнува растот и развојот на корисните бактерии во цревата. Во овој период од годината, особено е важно и што го намалува ризикот од алергии.

Како проверен и препорачан и од Д-р Нела Деспотовска е #NOW органскиот инулин од сина агава, кој во моментов на попуст! Купете го од online продавницата на vitamini.mk, доставата е бесплатна! Линк за нарачки: http://bit.ly/3MtfDyI А, во наредните денови, очекувај уште супер информации за неговата употреба и корист за здравјето.

инулин

Препорака од авторот:

За повеќе испробани рецепти разгледај ги моите профили каде објавувам рецепти креирани во мојата кујна и заследи ме:

Ако немаш инстаграм, видеото можеш да го погледниш тука.

Автор на рецептите и фотографиите: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Појадок за 5 минути – овесен оброк збогатен со инулин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е овозможен од vitamini.mk

Сподели: