5 идеи за брзи и лесни појадоци

Потребна ти е идеја и инспирација за појадок, полн со хранливи состојки кој лесно се приготвува? – За да се храниш здраво не е потребно многу. Доволна е само добра организација и желба. Оброкот на работното место не мора секој ден да ти биде бурек, кифла или сендвич. Многу едноставно можеш дома да си подготвиш здрав појадок и да си го земеш со себе на работа. Еве  5 идеи за брзи и лесни појадоци за секој работен ден од неделата.

Сите сме во постојано брзање и ретко кој има време да си подготви здрав оброк во текот на денот. Но, појадокот и ужината се особено важни и не треба да се занемарат бидејќи ја даваат енергијата што е клучна за добро функционирање во текот на денот. Еве 5 идеи за брзи и лесни појадоци кои ќе ти го разубават денот.

здрави мафини без шеќер

Брзи и здрави мафини со јаболка и цимет – без глутен, шеќер и млеко

Без глутен, без шеќер и без млеко, се одличен предлог за сите кои практикуваат режими на исхрана, имаат интолеранција или се хранат здраво. – вели Марија Кочовска од нашиот тим.

Состојки за 6-8 мафини:

Подготовката на мафините можете да ја прочитате тука или да ја погледнете на видеото.

Зелено смути за 5 минути - хранливо и детокс

Зелено смути за 5 минути – хранливо и детокс

Слатко, а без шеќер, хранливо и здраво калорично, без глутен, совршен спој од состојки! – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

Состојки:

Подготовката на зеленото смути можете да ја прочитате тука или да ја погледнете на видеото.

5 идеи за брзи и лесни појадоци

Корнфлекс со млеко

Кога ви треба брз и квалитетен оброк подгответе порција корнфлекс со внимателно одбрани додатоци од овошје како здрава комбинација за појадок која ќе ве држи сити неколку часа.

Состојки:

Подготовка:

  • Потребната количина на снегулки прелијте ја со млеко, јогурт, чај или сок по желба. Оставете ги 15 минути да омекнат и послужете. Подготвената порција корнфлекс може да ја комбинирате со овошје по избор.
5 идеи за брзи и лесни појадоци

Мусли со овошје и семиња

За квалитетен живот подгответе си лесен оброк, доволно хранлив и енергичен за да ве држи сити.

Состојки:

Подготовка:

  • Врз саканата количина мусли прелијте млеко, јогурт, чај, или сок по избор. Оставете да омекне 15 минути и послужете. На здравје!

Чиа пудинг со бобинкасто овошје

 Чиа пудингот е наједноставниот и најлесниот здрав појадок што може да си го подготвите.

Состојки:

Подготовката на чиа пудингот со овошје и семиња може да ја погледнете на видеото.

Ви препорачуваме да прочитате: Овес во зрно, барем еднаш неделно на менито!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е подджан од Натура.

Сподели: