zimnica so ladno cedeno maslo mala

3 рецепти за зимница со ладно цедено масло – ајвар, сушени домати и салата со цвекло

Штом еднаш ќе пробаш ладно цедено масло од сончоглед и ја почувствуваш неговата арома и вкус, редовно ќе биде твој прв избор! Ладно цеденото масло од сончоглед има бројни придобивки, а најважно од сѐ е што може да се користи на различни начини, па и за подготовка на зимница. Споделуваме 3 преубави рецепти за зимница со ладно цедено масло кои треба да ги направиш оваа есен!

Времето на ајварите, кечапите, сушените домати и различните салати започна. Ајде да ги направиме најубавите рецепти и да ја продолжиме традицијата!

зимница со ладно цедено сончогледово масло

Сушени домати во тегла со ладно цедено сончогледово масло, лук и магдонос

Сушените домати совршено се комбинираат со тестенини, месо, риба и салати. Споделуваме рецепт за сушени домати во рерна, со лук и ладно цедено сончогледово масло. 

Состојки:

Подготовка:

  1. Доматите измијте ги и исушете ги. Во тава ставете хартија за печење. Доматите исечете ги на четвртини и ставете ги во тавата. 
  2. Ставете ги во загреана рерна на 50 степени и сушете ги за време од 6 часа (зависно од големината на доматите и рерната). Доматите оставете ги да се изладат.
  3. Во чисти тегли ставете ги два реда домати и додајте 1-2 чешниња лук и гранче свеж магдонос. Повторно ставете 2 до 3 реда домати и додајте лук и магдонос. Постапката повторете ја додека ја наполните теглата. На крај додајте по 1 мала лажичка сол и дополнете со ладно цедено сончогледово масло. Заторете ги теглите и чувајте ги во темно, ладно и суво место.

Нутритивната анализа за 1 тегла е следната:

Нутритивна анализа за сушени домати во тегла

Македонски ајвар со ладно цедено сончогледово масло

Овој ајвар е баш традицинален, како што го правеле нашите баби во минатото. Првото достапно масло било ладно цедено, затоа што тогаш не постоело рафинирано масло. Подготовката е речиси си иста, но се користи помалку масло, затоа што ладно цеденото масло е погусто и има поизразена арома. Направен само од пиперки, масло и сол, без други додатоци!

Состојки:

Подготовката на ајварот, прочитај ја тука.

Салата од цвекло во тегли

А што има поздраво од вкусното цвекло кое изобилува со хранливи состојки и е познат сојузник на крвта? Плус тоа, направено со ладно цедено масло е одличен избор за целото семејство. 

Состојки:

Подготовката на салатата со цвекло, прочитај ја тука.

Совет плус:

Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40°C. Кај нас ладно цедено сончогледово масло произведува Фила и тоа во пакувања од 500 мл750 мл1000 мл. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница.

*Рецептите се овозможени од Фила.

Сподели: