Македонски ајвар со ладноцедено сончогледово масло 1

Македонски ајвар со ладно цедено сончогледово масло

Ние од sezahrana.mk ја почитуваме традиционалната кујна, а често пати сакаме да внесуваме и некои од поновите модерни трендови во храната. Така дојдовме на идеја, да пробаме да направиме ајвар со ладно цедено сончогледово масло. Вкусот е многу сличен на традиционалниот и баш е сладок со топол леб и сирење.

Интересно и супер за целото семејство, пробајте!

Македонски ајвар со ладноцедено сончогледово масло 2

Состојки:

 Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги пиперките, а потоа отстранете им ги дршките и семките.
  2. Потоа, убаво испечете ги на средно силен оган. Додека завршите со печење складирајте ги во затворен сад со капак за потоа полесно да се лупат.
  3. Започнете со лупење од првите пиперки кои сте ги испекле. При тоа трудете се да оставате што помалку црни лушпи и да ги дочистите преостанатите семки. Тоа ќе му овозможи што подобар квалитет на ајварот.
  4. Лупените пиперки оставете ги да се цедат неколку, или најдобро 12 часа, а потоа измелете ги со помош на машина. За време на цедењето, пиперките не смеат да стојат на топло.
  5. Измелените пиперки ставете ги во големо тенџере на оган и околу 15-20 минути пржете ги само нив со повремено промешување.
  6. Потоа додајте го ладно цеденото сончогледово масло од Фила и пржете на умерено силен оган. Континуирано мешајте со голема дрвена лажица. За време на пржењето додавајте сол по вкус.
  7. Ајварот пржете го за време од 2 часа или додека забележите дека се „лепи“ на дрвената лажица и не паѓа веднаш кога ќе ја поткренете, а на дното на тенџерето се појавува трага при мешањето. Тогаш е готов.
  8. Готовиот ајвар ставете го во чисти стерилизирани тегли и затворете ги веднаш со капаци. Полните тегли со ајвар ставете ги во загреана рерна на 100 степени околу 10-15 минути, а потоа оставете ги да се изладат постапно во неа. На здравје!
Македонски ајвар со ладноцедено сончогледово масло 3

Ви предлагаме да прочитате: Домашен пикантен кечап без конзерванси.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: