Салата од цвекло во тегли 1

Салата од цвекло во тегли

Време е за највкусната зимница, без конзерванси и приготвена со ладно цедено масло. А што има поздраво од вкусното цвекло кое изобилува со хранливи состојки и е познат сојузник на крвта? – Инспирирани од рецептот на нашата пријателка Даниела, приготвивме салата од цвекло во тегли, но овој пат со ладно цедено сончогледово масло од Фила.

Отворете си тегла и послужете си салатата од цвекло, зачинете со свежо сечкан магдонос и искористете ги придобивките кои ни ги нуди природата. Еве го рецептот.

Салата од цвекло во тегли 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Цвеклото убаво се мие.
  2. Во тенџере на оган се става цвеклото и се додава вода. Цвеклото се вари додека омекне.
  3. Потоа се вади од водата и се остава кратко да се излади. Изладеното цвекло се лупи и се сече на парчиња по желба.
  4. Во поголем сад се ставаат киселината, водата, шеќерот и солта. Штом растворот зоврие се додава исечканото цвекло. Цвеклото со растворот се остава да врие за време од 20 до 30 минути, во зависност од големината на сечените парчиња. На крај се додава ладно цеденото масло од Фила.
  5. Во меѓувреме рерната се загрева на 100 степени и во неа се затоплуваат 6 тегли.
  6. Додека цвеклото е топло се става во топлите тегли. Теглите се затвораат со капак. Се оставаат превртени со капакот надолу за да може да се вакумираат. Изладените тегли се превртуваат и се редат со останатата зимница. На здравје!
Салата од цвекло во тегли 3

Ви предлагаме да прочитате: Домашен пикантен кечап без конзерванси.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: