Посни американски палачинки со рум 1

Посни американски палачинки со рум

Супер се вклопуваат со шолја кафе! Меки, сочни, сунѓерести и неодоливо вкусни! Мора да се пробаат, за да почувствувате колку се убави и вкусни. Од овој рецепт ќе добиете 10-12 посни американски палачинки со рум, зависно од големината што ќе ја изберите!

Доволни се за да се израдувате себе и своите сакани, па пробајте ги. Деновиве се одлична прилика за тоа.

Посни американски палачинки со рум 2

Состојки:

  • 200 гр брашно (по желба може да користите ржано)
  • 350 гр бадемово или оризово млеко
  • 50 гр кафеав шеќер, мед или стевиа по вкус
  • 50 гр стопен маргарин или 50 мл растително масло
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 лажица екстракт од рум.

Подготовка:

  1. Во поголем чист сад ставете ги прво сувите состојки. Измешајте го брашното со печивото и кафеавиот шеќер.
  2. Потоа додајте го бадемовото млеко, маргаринот или маслото и екстрактот од рум.
  3. Со помош на миксер убаво изедначете ја смесата, а потоа употребете мерица за дозирање или црпалка и определете колку големи сакате да бидат палачинките. Препорачуваме да употребувате количина на половина црпалка доколку е поголема или полна црпалка ако станува збор за помала.
  4. Палачинките се испечени кога ќе се појават меурчиња на горната страна. Од прилика за 3-4 минути е доволно за секоја страна, а огнот треба да биде тивок. Сервирајте со мед, мармалад или јаворов сируп и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за највкусните американски палачинки.

Сподели: