Нутри совет: намирници кои се корисни за време на пости

Нутри совет: 4 растителни намирници кои се корисни за време на пости

Во тек се Велигденските пости, па многу луѓе кои постат се запрашуваат: Што да јадам? Дали некоја храна е посна и истовремено здрава, или не е? – Разговаравме со нутриционист Марија Апостоловска и ви издвоивме 4 растителни намирници кои се здрави и без двоумење може да се консумираат за време на пости.

Булгур, палента, пченкарно брашно и наут се намирниците кои топло ги препорачуваме да бидат дел од вашето секојдневно мени, а со посебен нагласок за време на пости. – Зошто баш нив? – Бидејќи се многу богати со хранливи материи кои му се потребни на организмот за правилно, здраво и нормално функционирање!

нутри совет

Наут

Наут или кај нас уште попознат како леблебија, е мешункасто растение наменето за исхрана на луѓето. Може да се консумира печен или варен. И двата начини на подготовка се здрави. Добар е во комбинација со салати, од него се прави познатиот намаз – хумус, посни ќофтиња или плескавици, супи и чорби. Од наутот уште се прави и брашно кое се користи за леб и разни печива. И наутот е здрава намирница која содржи висок процент на протеини. Покрај протеини, ги содржи минералите селен, калиум, железо, магнезиум и калциум. Од витамини, во наутот присутни се витаминот Ц и некои од витамините од Б групата. Енергетската вредност на 100 г наут е 164 калории. Јаглехидрати има 27 г, масти 3 г и 9 г протеини. И наутот е богат извор на растителни влакна. Не содржи холестерол.

наут

Булгур

Булгурот претставува мешавина на повеќе видови на пченица чии зрна се издробени и провриени. Многу е лесен за подготовка. Се потопува со врела зовриена вода, се остава да стои 1 час пред употреба или се вари 15 до 20 минути и може веднаш да се консумира. Она што го прави булгурот погоден за сите кои сакаат да постат и да се хранат здраво, е неговиот богат нутритивен состав. 100 г варен булгур има само 83 калории, 18 г јаглехидрати, 0.2 г масти и 3 г протеини. Изобилува со витамините А, Ц, Б1, Б2, Б3, Б6 и фолна киселина. Булгурот ги содржи минералите калциум, железо, магнезиум, калиум, натриум и цинк. Богат е и со растителни влакна и не содржи холестерол. Може да се додава во салати, мафини, со него може да направи полнет модар домат, пилав, а одлично оди и со домашни веге бургери. Булгурот може и да се пржи и пече, но сепак најдобар начин да се задржи хранливата вредност е негово варење или потопување со врела вода.

булгур

Палента

Палентата е производ од грубо мелена жолта пченка, па затоа уште се нарекува пченкарен гриз. Совршена е за појадок, ручек или вечера. Одлично се комбинира со јогурт или кисело млеко, доматен сос, јаболко, цвекло, сирење, спанаќ и т.н. Најчесто се готви со варење околу 10 минути, се пече или пржи. Најздрав начин е оној со варење. Може и да се користи како замена за лебни трошки или бело брашно. Енергетската вредност на 100 г сварена палента е 85 калории, што ја прави нискокалорична храна. Мастите се застапени со 0.38 г, јаглехидратите со 18 г, а протеини има 2 г. Не содржи холестерол. Во палентата има траги од минералите калциум, железо, магнезиум, фосфор, натриум и цинк. Витамините се наоѓаат во помала количина и тоа повеќе застапени се витамин Б, витамин А и витамин Е. Како и сите житни производи, и палентата изобилува со растителни влакна.

палента

Пченкарно брашно

Пченкарното брашно се добива со мелење на сушени зрна од пченка. Како и сите брашна, наоѓа примена при подготовка на леб, мафини, пити, палачинки, за похување, вегански плескавици и сл. Поради нутритивниот состав, пченкарното брашно е одличен избор за сите кои сакаат да се хранат здраво. 100 г пченкарно брашно има 350 калории, 76 г јаглехидрати, 2.6 г масти и 8 г протеини. Брашното од пченка е богат извор на растителни влакна, антиоксиданси, витамините Б6, тиамин, рибофлавин и ниацин. Исто така, ги содржи минералите железо, манган, магнезиум, селен, натриум и калиум.

пченкарно брашно

Совет плус:

Нашите пријатели Сончева Долина имаат нови производи – наут и булгур. Покрај нив, од палетата на Сончева Долина може да изберете и палента и пченкарно брашно кои често ги користиме и топло ги препорачуваме. За повеќе информации околу нивните производи, посетете ги Facebook фан страницата на Сончева Долина или нивната веб страница.

Автор на текстот: Нутиционист Марија Апостоловска.

Ви препорачуваме да прочитате: По што се разликуваат пченкарното брашно и палентата?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: