Има ли повеќе сличности или разлики помеѓу пченкарното брашно и палентата 1

По што се разликуваат пченкарното брашно и палентата?

Сигурно досега сте користеле пченкарно брашно и палента, и знаете дека се добиваат од пченка. Тие се два производи кои се посебни на свој начин и имаат свои специфични карактеристики. Она што на многумина им е нејасно е, која е разликата помеѓу нив, како може лесно да се распознаат и како се приготвуваат за да се постигне совршен вкус на јадењата. Знаејќи го тоа, во продолжение ви припремивме неколку интересни информации за карактеристичните белези и разлики помеѓу пченкарното брашно и палентата.

Има многу што може да научите и дознаете, па во иднина ќе ви припремиме и нови корисни информации. А сега во овој текст, ќе се задржиме на некои занимливи факти околу примената на пченкарното брашно и палентата, како и за начините на нивно добивање.

Има ли повеќе сличности или разлики помеѓу пченкарното брашно и палентата 2

Корисни ли се производите добиени од пченка?

Да и тоа многу! Освен што се добри за здравјето на поголемиот дел од популацијата, овие производи се одлични за консумација од лицата кои имаат интолеранција на глутен.

Производите добиени од пченка се мошне корисни. Имајќи го во предвид нутритивниот состав на пченката, може да кажеме дека тие се извор на:

  • растителни влакна
  • аминокиселини
  • витамини од групата Б, Е и А
  • минерали како железо, цинк, натриум, фосфор, калциум,  манган и селен.

Како што спомнавме и погоре, овие намирници имаат огромен плус бидејќи не содржат глутен, па се безбедни и за лицата кои страдаат од целијакија и не можат да јадат бело брашно.

Начинот на мелење на пченката е една од клучните разлики

Процесот на обработка на зрното пченка е поразличен, а тоа е видливо и во крајните производи. Пченкарното брашно се добива со мелење на сушени зрна од пченка. Со овој процес се добива брашно со фина, средна и груба текстура. Додека пак, за производство на палента, зрното секогаш е погрубо мелено за разлика од она за брашното. Така, нејзината грануларна структура е лесно видлива и со голо око, како и може да се забележи и во склоп на јадењата.

Може да ве интересира: Кои се разликите меѓу црвената и зелената леќа од кулинарски аспект?

Што е пожолто? На што се должи интензитетот на бојата?

Кога се произведува пченкарно брашно, за производство се користи бела и жолта пченка. Додека за производство на палента се употребува само жолта пченка, поради што таа добива интензивна, карактеристично жолта боја. Традиционално, во минатото тие се произведувале во мелници со камен, меѓутоа денес, процесот на мелење на зрното е модернизиран и овозможува видлива диференцијација помеѓу нив.

По што се разликуваат пченкарното брашно и палентата 3

Што може да зготвите со брашното, а што со палентата? Има ли разлика во текстурата?

Пченкарното брашно им дава фина текстура и сладкост на печивата. Најчесто се користи за подготовка на традиционален пченкарен леб и проја, но исто така одлично се вклопува во колачи и печива, и ја подобрува нивната текстура и слаткост. Како резултат на конзистенцијата, ова брашно е совршено за набрашнување на садовите за печење, со цел да се избегни лепењето на тестото на нив. Покрај тоа, може да се користи и како згуснувач за разни супи, сосови и варива.

Со палента може да направите совршен оброк со додаток на путер, сирење, маслинки или зачини. Кремастата пченкарна каша може да направите и од пченкарно брашно, но полн погодок ќе постигнете само кога ја правите со палента. Со палентата, пченкарната каша има густа и кремаста конзистенција, која откако ќе се излади се стврднува и може да се сече на парчиња.

За крај, топло ви ги препорачуваме природните вкусови на палентата и пченкарното брашно од палетата на Сончева долина кои се произведени од првокласни пченкарни зрна. Сигурни сме дека од нив го добиваме најдоброто, бидејќи користат проверени суровини, квалитетни рецептури и ја имаат најсовремената технологија. За нив можете да дознаете повеќе, посетете ја нивната веб страница или фан страницата на Facebook.

*Комерцијален текст

Ви препорачуваме да прочитате: Палента – брза и лесна храна.

Сподели: