Оброк салата со наут

Посна оброк салата со наут – здрава и го забрзува метаболизмот

Ем посна, ем здрава! Денес наместо ручек или вечера, направи си оброк салата со наут. Комплетно избалансиран оброк, богат со растителни влакна, протеини и здрави масти. 

Наут, киноа, краставица, пиперка, кромид, ленено масло… Здрави состојки за лесни пости и енергичен ден. Од наведените состојки ќе добиеш 8 порции, а салатата може да ја чуваш во фрижидер и да ја употребиш во рок од 3 дена. 

оброк салата со наут

Состојки:

  • 1 чаша киноа
  • 2 чаши вода
  • 1 конзерва (1, 5 чаша) варен наут
  • 1 краставица
  • 1 пиперка
  • 1 главица кромид
  • 1 киска магдонос
  • ¼ чаша масло од ленено семе од Фила
  • ¼ чаша свежо цеден сок од лимон
  • 1 лажица вински оцет
  • 2 чешниња лук
  • ½ мала лажичка сол
  • Мелен црн пипер по вкус. 

Подготовка:

  1. Киноата измијте ја, исцедете ја и ставете ја во тенџере. Додајте ја водата и ставете го тенџерето на оган да се вари на средна температура. Потоа намалете ја температурата и варете околу 15 минути, додека киноата ја апсорбира водата. Тенџерето тргнете го од огнот и оставете ја киноата да отстои уште 5 минути. 
  2. Краставицата, кромидот и пиперката исечкајте ги на коцки. Магдоносот ситно исечкајте го.  
  3. Во голема длабока чинија ставете ги наутот, краставицата, пиперката, кромидот и магдоносот. 
  4. Во мал сад измешајте ги лененото масло, сокот од лимон, оцетот, лукот и солта. 
  5. Киноата додајте ја во садот со салатата, а потоа додајте го преливот со маслото. Измешајте за да се соединат состојките. Зачинете со мелен црн пипер и прстофат сол. 
  6. За најдобар вкус, оставете ја салатата да отстои 5 до 10 минути, а потоа послужете ја. 

Нутритивна анализа на посна оброк салата со наут

Нутритивна анализа за оброк салата со наут

Калории: 220 kcal.
Масти: 10 г (15%)

  • Заситени масти: 1 г.
  • Незаситени масти: 0 г.
  • Мононезаситени масти: 1 г. 
  • Транс масти: 0 г.

Холестерол: 0.

Протеини: 7 г (14%).
Јаглехидрати: 27 г (9%).

  • Растителни влакна: 5 г (21%).
  • Шеќери: 3 г.

Витамини: А (53%), Ц (65%).

Придобивки од состојките кои се користат

Наут – Наутот е богат извор на витамини, минерали и влакна. Има многу здравствени придобивки, меѓу кои: регулирање на тежината и подобрување на варењето. Освен тоа, наутот е богат со протеини и е одлична замена за месото во многу вегетаријански и вегански јадења.

Киноа – Киноата е корисна за одржување на здравјето на системот за варење на тој начин што помага за регулирање на балансот на цревната микрофлора.

Масло од ленено семе – Неколку истражувања потврдија дека маслото од лен го смирува воспалението на цревата. Благодарение на високата содржина на слузни материи кои ги содржат, лененото семе и лененото масло се ефикасни природни лаксативи, кои помагаат при запек и го забрзуваат метаболизмот.

Како квалитетно и испробано, може да го препорачаме ладно цедено масло од лен од Фила, кое може да се најде во поголемите маркети низ Македонија или да се порача од онлајн продавницата. Достапно е во две пакувања:

масло од ленено семе

Може да те интересира: Смуди со јагоди и ленено масло за забрзување на метаболизмот.

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: