9 совети за правилно ракување и подготовка на свежо месо

Добрата хигиена е најважна при ракување со било каква храна. А, преземањето на неколку едноставни чекори може да го спречи размножувањето на микроорганизмите. Со цел да ја спречиме појавата на труење со храна ви споделуваме 9 совети за правилно ракување и подготовка на свежо месо.

Храната од животинско потекло е полесно подложна на расипување, па затоа е потешка за одржување и добра подлога за размножување на микроорганизмите, а со тоа придонесува во можно ширење на заразни заболувања. За да можеме непречено да уживаме во месото како храна, секој љубител треба да е запознаен како да преземе мерки за да го заштити своето здравје и здравјето на семејството. Затоа, во продолжение издвојуваме неколку совети за правилно ракување и подготовка на свежо месо кои веруваме дека ќе ви бидат од корист.

9 совети за безбедно ракување и подготовка на свежо месо

Еве на што треба да внимавате:

  1. Темелно мијте ги рацете со сапун и вода пред и по ракување собило какво сурово месо.
  2. Користете посебна опрема и прибор за работа, односно посебни ножеви и даски за сечење при обработката на суровите намирници од животинско потекло.
  3. Измијте ги сите работни површини, прибор и даски за сечење кои се изложени на сурово месо и неговите сокови, со детергент и топла вода.
  4. Повремено дезинфицирајте ги даските за сечење со соодветен раствор.
  5. Гответе ја храната на препорачаната температура и во препорачаното времетраење.
  6. Не користете го истиот послужавник и за подготовка и за сервирање на месо, освен ако не се добро и правилно исчистени.
  7. Не изложувајте го месото на небезбедни температури (4°C до 60°C) подолг временски период.
  8. Чувајте го месото во фрижидер или замрзнувач, но внимавајте на рокот на траење и неговите органолептични карактеристики – изгледот, бојата, мирисот.
  9. Не дозволувајте суровото месо или соковите да дојдат во контакт со друга храна што нема да се готви пред да се консумира.

Наша препорака:

Како што рековме, добрата хигиена е важна при ракување со храната за да се спречат било какви болести што се пренесуваат преку храна. Но, исто така, многу е важно секогаш да набавувате свежо месо и намирници од проверени производители. Кога станува збор за набавка на свежо месо наш прв избор се Агриа. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Посетете ги месарниците на Агриа ширум земјата (Велес, Битола и Штип), или побарајте го месото во Тинекс и Рамстор маркетите. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Ви препорачуваме да прочитате: Како правилно да одмрзнете месо?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е овозможен од Агриа.

Сподели: