Како правилно да одмрзнете месо?

Како правилно да одмрзнете месо?

Сакате да подготвте вкусен оброк со месо кое го имате во замрзнувачот? – А, знаете ли како правилно да одмрзнете месо за најдобро да го задржи квалитетот и јадењето да биде превкусно, а притоа да избегнете опасност од ширење на бактерии? – Еве неколку совети.

Една од најчестите грешки е одмрзнување на месото на собна температура или уште поинтересна грешка со која сме се сретнале, а многумина ја практикуваат, е директно варење на замрзнато месо. Во случај кога одмрзнувањето се одвива на собна температура кога времето е топло или просторијата е многу затоплена од греењето на домот, постои можност за контаминирање на месото и нарушување на вашето здравје. Колку побрзо се одмрзнува месото толку е поголема веројатноста да се развијат бактерии во него. А, за да го избегнете тоа ви откриваме како правилно да одмрзнете месо и да бидете сигурни дека истото е добро за консумирање.

Како правилно да одмрзнете месо?

Еве како најбезбедно можете да го одмрзнете суровото замрзнато месо:

  • Најсигурниот начин на одмрзнување на сите видови месо е во фрижидер. Ќе му треба подолго време, но бавното одмрзнување ќе резултира со најдобар квалитет на месото, а воедно е и најбезбедниот метод за спречување на развој на бактерии.
  • Најдобро е месото да го оставите да стои во најдолната полица во фрижидерот за ладење. На овој начин ќе избегнете контакт на месото со другата храна, а најголем недостаток на овој начин е тоа што ако станува збор за поголемо парче месо може да бидат потребни до 24 часа за одмрзнување.
  • Процесот на одмрзнување на месото на овој начин зависи од температурата на фрижидерот. Ако фрижидерот е наместен на 4-5 степени, одмрзнувањето ќе биде побрзо.

Совети плус за одмрзнатото месо:

  • За да го чувате одмрзнатото месо во фрижидер, извадете го од пакувањето и исушете го со крпа. Ставете го во подлабок сад за да спречите капење на соковите и загадување на храна која се јаде без готвење, како што се овошјето и зеленчукот.
  • Обавезно исцедете ги соковите од садот во кој се одмрзнувало месото. Соковите многу брзо се расипуваат и може да го контаминираат месото.

Наша препорака:

Консумацијата на замрзнато месо е нормална појава во денешниот брз начин на живот и тоа не е ништо страшно. Како и да е, секогаш кога сте во можност ви препорачуваме да користите свежо месо. Изберете го рецептот што сакате да го подготвите и посетете ги месарниците на Агриа. Нивниот љубезен персонал е секогаш тука за да излезе во пресрет на вашите очекувања. Во нивните месарници може да најдете месо со врвен квалитет кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Посетете ги нивните продажни места ширум земјата или побарајте го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Совети при купување на свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е овозможен од Агриа.

Сподели: