Совети при купување на свинско месо

Свинското месо е често застапено на трпезата кај нашиот народ и е баш обожавано и одлично за секоја пригода. Сите го готвиме на разни начини, при тоа користиме различни маринади и зачини за најдобар вкус. Но, прв чекор за да подготвите врвен специјалитет е да набавите свежо и квалитетно парче месо. А ако ви треба помош за да знаете што да изберете при набавката, тука сме да ви помогнеме. Ви издвојуваме неколку совети при купување на свинско месо кои ќе ви го олеснат и пазарењето и готвењето.

На нашата веб страница има разни рецепти за подготовка на свинско месо. Ваше е само да изберете каков деликатес сакате да подготвите и да ги следите нашите совети при купување на свинско месо. Очекуваниот резултат ќе биде неизбежен.

Совети при купување на свинско месо

Еве на што треба да обрнете внимание при набавката свинско месо:

  • При купување, обрнете внимание на бојата на месото. Свежото свинско месо има светло розова и изедначена боја што најчесто е знак за квалитетно месо.
  • Месото не треба да има силен мирис. Непријатниот мирис е сигурен показател дека месото не е свежо и не е добро за консумација.
  • При набавката, секогаш читајте ја декларацијата, консултиратеј го продавачот и проверувајте го рокот на траење.
  • Количината на месо што ја купувате зависи од тоа колку порции ви се потребни и дали месото е со коски или без коски.
  • Ако сакате да правите свински ребра или шницли важно е да знаете дека ќе ви треба помалку време за подготовка ако ги пржите. Процесот на подготовка со печење ќе ви одземе повеќе време.
  • Ако сакате да направите убава гозба за вашето семејство и пријателите, ви препорачуваме да набавите свински бут. Ќе ви биде потребно помалку време да направите вкусно печење за вашата трпеза, отколку да правите посебни стекови за секого.
  • Изберете ја вистинската дебелина на парчето месо за наменетата употреба. За скара или пржење изберете котлети со дебелина од 2 до 4 cm.
  • За дополнителна брзина при готвењето изберете парчиња месо без коски.

Наша препорака:

За да ви помогнеме при изборот на свежо свинско месо го споделуваме нашето искуство. При набавката на намирници секогаш се трудиме да избираме македонски производи со потврден квалитет. Имаме проверена месарница од каде набавуваме месо, а тоа е Агриа. Месото е со постојан квалитет, а тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Посетете ги нивните продажни места ширум земјата или побарајте го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор!

Ви препорачуваме да прочитате: Совети и потребно време за маринирање на месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: