гоџи бери 1

Гоџи бери – супер овошје за сите возрасти

Гоџи бери е едно од најпознатите супер овошја за кое се зборува во последните години. Во Азија го нарекуваат црвен дијамант, а со векови се користи како дел од исхраната, а и како народен лек. Зошто е тоа така? – За да дознаеме, направивме мало истражување за неговата хранлива вредност и здравствени придобивки.

Во 2008 година, Њујорк тајмс ги прогласил гоџи бобинките за супер овошје. Па, од тогаш, за многу брзо време станале познати во целиот свет и биле барани на пазарите. Така стигнале и до Европа. Потекнуваат од Хималаите, каде со векови ги користат поради нивните лековити својства и здравствени придобивки. Најмногу се одгледуваат на југот на Кина, која е и најголем извозник. Бидејќи, после берењето, за кратко време оксидираат, на пазарот најчесто се продаваат сушени или како сок.

гоџи бери 2

Хранлива вредност на гоџи бобинките

Гоџи бери е овошје богато со антиоксиданси, па затоа се смета за најдобра храна во процесот на ревитализација на организмот и успорување на процесот на стареење. Во својот состав содржи и витамини, минерали, фитохемикалии, растителни влаккна и дури 18 есенцијални аминокиселини. Од витамините, изобилува со витамин А, Ц и витамините од Б комплексот. Додека пак, од минералите најприсутни се железо, калциум и цинк. Не содржи масти и холестерол.

Здравствени придобивки на гоџи бери

Ова овошје се користи за јакнење на имунитетот, подобрување на циркулацијата, подобрување на видот, намалување на високиот крвен притисок, ги штити бубрезите и црниот дроб, го чисти лицето и ги ублажува болките во грбот. Дури и се користи за намалување на несаканите ефекти на хемотерапијата. Се верува дека поволно влијае на машката плодност. Поради бројните здравствени придобивки, гоџи бобинките се храна погодна за сите возрасти. Без сомнеж може да ги консумираат сите од најмали до најстари.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 здравствени придобивки од брусницата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: