чекори до силен имунитет 1

11 едноставни чекори до силен имунитет

Со доаѓањето на пролетта и нормалната промена на времето, на телото му треба ново прилагодување. При преминот од едно во друго годишно време, она што најмногу треба да внимаваме е здравјето. Бидејќи во овој период настанува голема температурна промена која влијае на организмот, потребно е да се преземат чекори до силен имунитет.

Редовна исхрана богата со овошје и зеленчук, правилно миење на намирниците, консумирање на чаеви… Ова е дел од препораките кога е во прашање јакнење на имунитетот. Прочитајте го текстот и дознајте ги советите на екпертите за добро здравје.

чекори до силен имунитет 2

Зголемете го дневниот внес на овошје и зеленчук

Се препорачува 3 порции зеленчук дневно (2 свежи оброци во вид на салата и 1 оброк со благо термички обработен зеченчук) и 2 порции овошје. Консумирајте 2 пати зелен зеленчук (спанаќ, блитва, брокула, прокељ, зелка, рукола) затоа што се вбројува во најделотворните природни намирници за јакнење на имунитетот. Зелениот зеленчук е богат со витамините А, Ц, Е, К, како и минералите калиум, магнезиум, железо, цинк и други.

Зголемете го внесот на здрави масти одговорни за здрав хормонски систем и здрави крвни садови

Користете маслиново, кокосово, масло од јаткасти плодови, масло од авокадо, масло од ленено семе… Избегнувајте транс масти од маргарин, чипс, грицки, како и соино масло и масло од пченка затоа што предизвикуваат воспалителни процеси во телото.

Консумирајте бујон од коски 2 пати неделнo

Бујонот од коски е најдобар извор на колаген, а колагенот е протеин важен за нормална функција на дигестивниот систем. Кога ќе се разложи колагенот, се формира желатин кој се бори против алергии и осетливост на цревата на алергени материи. Желатинот во бујонот исто така содржи и аминокиселини кои имаат antiaging ефект и делуваат моќно на јакнење на имунитетот.

Кога јадете, важно е добро да го изџвакате секој залак

Препораката е секој залак да се џвака 30 пати пред да се голтне. На тој начин, храната доволно се натопува со дигестивни ензими кои го олеснуваат варењето. На ваков начин се спречува и надуеност во стомакот после оброк.

Пијте чаеви

Пијте зелен чај, чај од нане, кантарион или било каков друг чај секојдневно. Зелениот чај помага за побрзо согорување на мастите и богат е со антиоксиданси кои го јакнат имунитетот и ја подобруваат дигестијата.

Јадете лук

Јадете лук затоа што во него има преку 80 активни состојки кои го јакнат имунитетот и го бранат организмот од непријатели. Една од тие состојки е алицинот, кој помага во борбата против вирусите. Лукот делува и против гливични инфекции и важи за природен антибиотик во борбата против бактерии.

Хранете се редовно и не прескоскувајте оброци

Најважно е да имате 3 главни оброци и 1-2 ужини. При подготовка на храната користете билки и зачини како мајчина душица, рузмарин, коријандер, црн бибер, оригано, нане, куркума, цимет, кари, ѓумбир и други.

Користете храна богата со пробиотици

Сите најнови истражувања зборуваат за улогата на добрата цревна флора во одбрана на организмот. Таа флора ја сочинуваат токму пробиотиците. Најдобар извор на пробиотици е ферментираната храна како кисела зелка, краставички и друга туршија, кефир, јогурт…

Пробиотиците може да се внесуваат во организмот и како додаток на исхраната. Таков производ е Acidophilus 4×6. Acidophilus 4×6 од NOW е создаден да обезбеди балансиран спектар на полезни бактерии најдени во човековиот интестинален тракт. Acidophilus 4×6 содржи 4 милијарди пробиотици од 6 различни видови. Производот не содржи ГМО и глутен.

Внесувајте доволно витамин Д

Голем процент од светската популација страда од недостаток на овој витамин. Витаминот Д е важен за над 400 процеси кои се одвиваат во нашиот организам. Намирници кои се богати во витамин Д се јајца, риба и рибино масло, житарици, црн дроб, печурки и сирење. А, најважен извор на витамин Д е сонцето. Затоа, кога времето е сончево и сте во можност, поминувајте време на сонце надвор барем 30 минути дневно. Сепак, условите за излегување на сонце се поголеми во лето, отколку во зима. Затоа во зима се препорачува дополнителен внес на овој витамин.

За да бидете сигурни дека ги внесувате потребните количини на витамин Д, најдобар избор е NOW® Vitamin D-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула, а го има и во вид на капки. Нашите пријатели Тримекс имаат нов производ – витамин Д-3 од 10 000 ИЕ.

Работете на нормализирање на стресот

Избегнувајте стрес затоа што влијае на хормонскиот систем кој ја диктира работата на имуниот систем. Вежбајте јога, пилатес, медитирајте. Овие техники ослободуваат од стрес.

Мијте го овошјето и зеленчукот

Редовно мијте го овошјето и зеленчукот со сода бикарбона и топла вода за да го намалите внесот на пестициди и хербициди од храната во организмот. Рецепт за отстранување на хербициди и пестициди: 1 лажица сок од лимон, 1 лажица сода бикарбона без алуминиум и 200 мл млака вода. Потопете го овошјето и/или зеленчукот во растворот и оставете да отстои половина час. Потоа, измијте ги, исушете ги со крпа и ставете ги во фрижидер.

Наша препорака:

За зајакнување на имунитетот, ви препорачуваме да консумирате додатоци на исхраната со проверен квалитет. Како такви ги препорачуваме производите на нашите пријатели Тримекс. Покрај пробиотици и витамин Д, наш предлог за силен имунитет се AlphaSorb-C и Omega 3-6-9.

AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витамин Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот.

Super Omega 3-6-9 е мешавина на риба, лисичинка и масло од ленено семе. Оваа комбинација на добро познати хранливи масла има уникатен баланс на омега-3 и омега-6 есенцијални масни киселини, плус омега-9, неесенцијална, но корисна масна киселина. Омега-3 масните киселини, алфа линоленската киселина, EPA и DHA, и омега-6 масната киселина, GLA, се неопходни за одржување на здравјето на кожата, нормален баланс на имунолошкиот систем и правилна функција на нервниот систем. Super Omega 3-6-9 е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот.

Додатоците на исхраната кои ги препорачуваме, може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплата.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: 5 здрави оброци за јакнење на имунитетот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: