овошна салата за појадок 1

Брза овошна салата за појадок

Хранлив оброк богат со витамини и минерали! Потребни ви се помалку од 10 минути за подготовката, а ќе ви даде сила и енергија за целото утро. Направете си вкусна и брза овошна салата за појадок и освежување. Денот може да започне!

„За мене, поубаво од овошна салата за појадок – нема. Секогаш кога сум во брзање или треба да понесам оброк надвор од дома, си ја подготвувам оваа салата. Конечно ѝ дојде редот да ја сликам, па и да ја споделам со вас. Иако редовно комбинирам и други овошја во разни салати, оваа ми е омилена и си ја правам многу често.“ – вели Марија Апостоловска, нутриционист од нашиот тим.

овошна салата за појадок 2

Состојки:

  • 1 кисело јаболко
  • 1 банана
  • 1 чаша одмрзнати малини (во сезона најдобро е свежи)
  • 1 мала лажичка семки од тиква
  • 1 мала лажичка чиа семе.

Подготовка:

  1. Јаболкото убаво измијте го. Исечете го на половина и излупете го.
  2. Половина од јаболкото исечете на коцки и ставете го во подлабок сад.
  3. Исечете на кругови половина од бананата. Додајте ја во садот со јаболката.
  4. Во садот додајте ја другата половина од јаболкото, а веднаш после тоа и половината од бананата.
  5. На крај додајте ги претходно одмрзнатите малини.
  6. Поросете со семки од тиква и чиа семе.

Автор на рецептот: Марија Апостоловска, @marija.apostolovska97.

Ви препорачуваме да прочитате: Ладен овесен појадок со јогурт и боровинки за 5 минути.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: