5 идеи за лесни и здрави оброци за секого

Лесни и здрави оброци во движење? – Се разбира дека може! Заборавете ги грицките, брзата храна и другите нездрави намирници. Овие 5 идеи за оброци се одлични кога брзате некаде, за на училиште, на работа или ако едноставно сакате да се храните здраво.

Денешното темпо на живеење, постојаното брзање да стигнеме некаде, не ни остава доволно простор да се посветиме на здравата исхрана. Многу од нас, кога немаат време посегнуваат по разни грицки, печива или друга нездрава храна која може да се јади во движење. Но, тоа веќе не мора да биде така. Издвојуваме за вас 5 идеи за лесни и здрави оброци во секој момент и за секого.

5 идеи за лесни и здрави оброци за секого

Овесна каша со овошје

Овесната кажа е еден од попознатите здрави оброци. Лесно се комбинира со разни овошја, семиња или мед. Се прави многу брзо, а се јаде уште побрзо и дава ситост на организмот. Прелијте ги овесните снегулки со врела вода. Почекајте да се изладат, додајте овошје по желба, како банана, праска, малини, боровинки, мед, цимет, чиа семе и кашата е готова.

Овошна или зеленчукова салата со семиња

Што има полесно и за подготовка и за јадење од свежа салата од овошје или зеленчук. Во комбинација со семиња, салата претставува вистинска енергетска бомба. Може да измешате повеќе овошја или зеленчуци, како и да си направите комбинација од овошје и зеленчук. На крај само додајте семиња по желба.

Освежително смути

Здравје во чаша! Може да си направите вкусно и освежително смути со овошја или зеленчуци во разни комбинации. Само измијте, излупете, додајте вода, јогурт или млеко (кравјо или растително) и изблендирајте.

Протеински оброк

Брзате? Не сакате да подготвувате храна и да правите неред во кујната? – Имаме супер решение за вас! Протеинските оброци на нашите пријатели BeHealthy се вистинскиот избор за вас и топло ги препорачуваме за појадок. Протеинските оброци на BeHealthy се без додадени шеќери и имаат низок гликемиски индекс. Енергијата добиена од оброците на BeHealthy се ослободува споро и дава ситост на организмот подолго време. Самото име кажува дека содржат протеини кои се важни за мускулатурата. Богати се со колаген кој е важен за скелетниот систем и лигаментите, бета глукан кој го јакне имунитетот и го регулира холестеролот. Содржат и пребиотски влакна за одлично функционирање на дигестивниот систем. Има различни вкусови, протеински оброк со путер од кикирики и бадем, со путер од кикирики, какао и бадем или со путер од кикирики и суво грозје и кој и да го изберете, нема да згрешите. Ќе имате полн оброк.

Протеински барови

Сакаш брза и вкусна ужинка? – Протеинските барови на BeHealthy се одлични за после физичка активност, помеѓу оброци или како мал лесно сварлив оброк. Погоди се за во секое време и на секое место, особено при долгите патувања како вистинска природна храна. Баровите се 100% природни, без додаден шеќер, без конзерванси, без глутен и без соја. Има избор за сечиј вкус: кето бар со ванила, бар со спирулина, со бадем и мед, со сончоглед и цимет, енергетски бар, бар со кикирики и чоколадо, со путер од индиски ореви и кокос, со путер од бадеми и цреша, кето бар брауни и бар со путер од бадеми и ѓумбир.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна инстант овесна каша.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: