инстант овесна каша 1

Домашна инстант овесна каша

Брзите оброци се идеални за подготовка во зафатените утра, а и како целосен оброк во било кој дел од денот. Токму затоа и ни се омилени. А, уште повеќе ги сакаме бидејќи може да си ги направиме сами од состојки кои нам ни се допаѓаат. Во оваа прилика ви претставуваме лесен рецепт за вкусна инстант овесна каша.

Вака подготвената овесна каша има 229 калории, 6 г масти, не содржи холестерол, 152 мг натриум, јаглехидрати 38 г, 5 грастителни влакна и 6 г протеини.

инстант овесна каша 2

Состојки:

  • 1/2 чаша (40 г) интегрални овесни снегулки
  • прстофат сол
  • прстофат цимет
  • 1 лажица сушено овошје по желба (брусница, грозје, слива…)
  • 1 лажица бадеми или други јаткасти плодови по желба
  • 1 чаша вода.

Подготовка:

  1. Земете чиста и сува тегла или чаша со капак.
  2. Наредете ги состојките во теглата по следниов редослед: овесни снегулки, сол, цимет, сушено овошје и на крај јаткасти плодови. Од оваа количина може да наполните една тегла.
  3. Наполнете колку сакате тегли и чувајте ги на суво место. Не заборавајте да го запишите датумот кога сте ги складирале за да ја запазите свежината.
  4. Овесниот оброк може да го подготвите со вриена вода. Едноставно зовријте ја водата и тргнете ја од огнот. Додајте ја водата врз состојките во теглата и ќе добиете вкусна инстант овесна каша.

Совети плус:

  • Заменете ја водата со чаша млеко со намалена масленост (1-2%). На овој начин ќе го зголемите уделот на протеини. На овој начин, калориската вредност на оброкот изнесува 351 калорија. Количеството на масти е 11 г, јаглехидрати 49 г, растителни влакна 4г и протеини 14 г.
  • Пред послужување, ставете 1 лажица путер од кикиритки за зголемување на процентот на здрави масти. Во тој случај, добивате оброк од 334 калории, 14 г масти, 41 г јаглехидрати, 6 г растителни влакна и 10 г протеини.
  • Во оброкот по желба може да додадете 1 мала лажичка мед за подорбување на вкусот.
  • Ако сакате веднаш да го послужите овој оброк, направете го во подлабока чинија.

Ви препорачуваме да прочитате: Интегрални бисквити со овесни снегулки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: