Најдобриот рецепт за домашно гиро со свинско месо

Обожаваш гиро и сакаш да си направиш дома со прилог по твој вкус? – Ако одговорот е да, ти си на вистинското место! Го имаме најдобриот рецепт за подготовка на домашно гиро со свинско месо, а штом го пробаш, пиши ни како ти се допадна!

Ова домашно гиро со свинско месо и сос, подготвено во комбинација со помфрит и зеленчук, е одличен оброк за сите обожаватели на ваков тип на оброци. Подготовката е лесна и едноставна, а уживањето во неодоливиот вкус ќе ве натера повторно и тоа за многу кратко време, да си го направите пак.

Најдобриот рецепт за домашно гиро со свинско месо

Состојки:

За 4 лица:

  • 500 г свински шницли од Агриа
  • 1 помала главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 лажица сенф
  • зачини: ким, оригано, босилек, мајчина душица, мелен црвен пипер, чили
  • масло по потреба.

Дополнително:

  • 4 пити за гиро
  • помфрит по желба
  • ѕаѕики (ако ви треба рецепт имате тука) или друг бел сос по желба.

Подготовка:

  1. Исечете го свинското месо на тенки ленти и ставете го во сад. Додајте ги зачините, една лажица сенф и една лажица маслиново масло. Убаво измешајте и оставете да отстои околу 10 минути.
  2. Лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Во тава со загреано масло кратко пропржете ги.
  3. Додајте го месото и пржете додека убаво порумени. Повремено мешајте.
  4. Откако месото ќе добие убава боја, тавата тргнете ја од оган.
  5. Ставете од приготвеното месо.
  6. Додајте домати, марула, неколку кришки кромид или друг зеленчук по избор.
  7. На крај додајте од претходно приготвениот ѕаѕики сос и по желба помфрит. На здравје!

Наша препорака:

Домашно подготвеното гиро е секогаш повкусно, бидејќи кога јадењата се подготвуваат со љубов и внимателно избрани состојки, крајните резултати секогаш се воодушевувачки. А за да бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор на намирници ви предлагаме да ги посетите месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите. Во нивните месарници може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо. Набавете месо со врвен квалитет и уживајте во вистински специјалитет направен од вашите раце! А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

гиро со свинско месо

Ви препорачуваме да прочитате: Свински ражничи со печурки и зеленчук.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: