Летото е идеално време за уживање во вкусни и освежителни јадења! А што да се прави за ручек, што да се прави за вечера и да биде омилено? Имаме супер летни рецепти со свинско месо кои ќе им се допаднат на сите, а особено на најмалите и тинејџерите. Гирото, со своите тенки парчиња месо сервирани во пита со свеж зеленчук и сос од јогурт и лимон, нуди совршен баланс на вкусови. Ражничите со зеленчук се добра промена на менито, а печениот свински врат на скара – супер избор за секоја пригода.