месо за гиро

Најдобриот рецепт за подготовка на месо за гиро  

Обожавате гиро?! – Сега можете да го приготвите дома и да ги изненадите најблиските! Следете ги нашите насоки и пригответе совршено месо за гиро.

Што важно треба да знаете за подготовката? – Прво изберете квалитетно свежо свинско месо, односно свинска рибица. Препорачуваме да користите свежо свинско месо од Агриа. Посетете ги нивните месарници ширум земјата или набавете го нивното месо од маркетите на Тинекс и Рамстор. Потоа направете маринада и испечете го месото. Следете ги насоките и штом го приготвите, фотографирајте го и споделете го вкусниот ручек или вечера со нас.

месо за гиро

Состојки:

  • 400 грама свежо свинско месо од Агриа – свинска рибица или бут
  • 1 главица кромид
  • 3 гранчиња рузмарин
  • 3 гранчиња оригано
  • 2 чешниња лук
  • 5 лажици маслиново масло
  • 7 лажици винска киселина (домашна од бело вино)
  • сол по вкус
  • мелен црн пипер
  • 1 лажица мед
  • 4 пити за гиро
  • зазики сос.

Подготовка:

  1. Отстранете ги белите делови (мембрана) од свежото месо. Тоа е важно за да се добие меко и сочно месо.
  2. Месото исечете го на тенки парчиња со дебелина од 5 мм и ставете го во длабок сад.
  3. Кромидот исечкајте го на ситни парчиња и додајте го во садот со месото.
  4. Свежите зачини исчекајте ги и додајте ги во садот. Доколку немате свежи зачини, може да користите суви.
  5. Во садот додајте го маслото, 5 лажици киселина, сол, мелен црн пипер и мед. Измешајте со дрвена лажица. Штом ја додадете маринадата ќе забележите дека месото ќе добие посветла боја. Тоа е од киселината и не треба да ве загрижува.
  6. Садот покријте го со капак или најлонска фолија и оставете го да се маринира за време од 6 часа или преку ноќ.
  7. На оган, ставете нелеплива тава да се загрее на висока температура. Месото поделете го на 3 дела.
  8. Во загреаната тава ставете 2 лажици масло и додајте еден дел од месото. Немојте наеднаш да го ставате целото месо, затоа што температурата во тавата ќе се намали и месото ќе има вкус како варено. Штом месото добие кафеава боја, превртете го да се печи од другата страна.
  9. Штом месото е готово, додајте 1 лажица киселина и измешајте. Извадете го месото од тавата. Тавата вратете ја на огнот и додајте го вториот дел од месото.
  10. Питите премачкајте ги со зазики сос. Ставете од приготвеното месо за гиро и додајте домати, марула или друг зеленчук по избор. На здравје!

Препорака од нас:

Агриа имаат свежо, вкусно и висококвалитетно свинско месо од домашно производство. Без разлика дали ќе одберете бут, плешка, кременадли или врат, гарантираат одличен вкус. За сите новости и акции посетете ја новата веб страница на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

агриа

Ви препорачуваме да прочитате: 3 кулинарски совети за подготовка на сочно свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: