Обожаваш гиро и сакаш да си направиш дома со прилог по твој вкус? – Ако одговорот е да, ти си на вистинското место! Го имаме најдобриот рецепт за подготовка на домашно гиро со свинско месо, а штом го пробаш, пиши ни како ти се допадна!
Започна сезоната на смоквите, рајското овошје кое дава сила, го одржува здравјето и ги намалува брчките. Без разлика дали ги јадете свежи или сушени, смоквите се подеднакво лековити и корисни за нашето тело. Има многу вкусни рецепти со смокви, а ние ви предлагаме да пробате 2 од архивата на Катерина од нашиот тим. Мармалад или слатко, изборот е ваш!
Марија од нашиот тим е експерт за суши! Толку добро ги приготвува, што мораше да ги фотографира и да го сподели нејзиниот омилен рецепт за домашно суши со сите нас. Ако ја следите на Инстаграм, сигурно сте виделе различни суши, како змеј – dragon roll, california roll… А сега ве повикуваме да го испробате рецептот и да направите незаборавна јапонска трпеза во својот дом, подобра и од ресторан! Како ви се допаѓа идејата?
Најчесто, циметот асоцира на зачин кој се додава во торти, колачи и други слатки јадења. Но, всушност е повеќе од тоа. Освен како зачин, од циметот може да се направи масло. Маслото е еден од најдобрите начини како да се искористат неговите придобивки. Уште подобро е тоа што не мора да купувате масло од цимет, туку може да си го направите дома на лесен начин.
Летото е совршено време за подготовка на здрави домашни пијалаци од сезонското овошје, меѓу кои се и малините. Овие плодови, за кои се верува дека биле консумирани од пештерските луѓе, се богати со антиоксиданси и други хранливи материи. Рецептите со малини се омилени на многумина, а во оваа прилика и по барање на нашите читатели споделуваме рецепт за домашен сируп од малини.
Ова слатко можам да го фотографирам до бесвест, каква убавина е! – вели Весна. Преубаво ни изгледа и нас, за очи и за вкусните сетила! Претходно го споделивме рецептот за слатко направено со свежи ливчиња, а во оваа прилика ви посочуваме дека може да си направите и домашно слатко од сушени трендафили со уште подобар вкус кој долго се памети.
Кулинарската ризница сега ни е побогата со нешто уникатно, а ние пресреќни! Провидно на лик, а боите се прелеваат. Вакво слатко од трендафили не е лесно или скоро да не може да се најде, освен ако не си направиме дома. А за рецептот, искрено и големо благодарам до Весна, која нѐ учи на традицијата и споделува вистинско богатство со нас во секоја можна прилика!