сируп од малини

Домашен сируп од малини

Летото е совршено време за подготовка на здрави домашни пијалаци од сезонското овошје, меѓу кои се и малините. Овие плодови, за кои се верува дека биле консумирани од пештерските луѓе, се богати со антиоксиданси и други хранливи материи. Рецептите со малини се омилени на многумина, а во оваа прилика и по барање на нашите читатели споделуваме рецепт за домашен сируп од малини.

Малините се добар сојузник на убавината, бидејќи помагаат да се задржи младоста, ја стимулираат регенерацијата на клетките, ја намалуваат напнатоста и штитат од слободните радикали. Во народната медицина малините се користат и за нега на кожата која е иритирана од сонцето. Таа е уште една од причините зошто малините се препорачуваат почесто да се консумираат баш во овие топли летни денови. Малините како храна се одлични за дијабетичари, за луѓе кои сакаат да ги намалат вишокот на килограми и бремени жени. Корисни се за подобрување на варењето на храната и го зајакнуваат имунитетот. За децата се вистински летен десерт. Тие се познати и како бонбони од природата, а дивите малини луѓето ги користат илјадници години. Доволно причини кои ќе ве поттикнат да го направите домашниот сируп од малини.

сируп од малини

Може да ве интересира: Јадете малини за витка линија и добро здравје.

Состојки:

  • 3 ½ кг малини
  • 600 мл вода
  • 600 г кафеав шеќер или друг засладувач по желба.

Подготовка:

  1. Во длабоко тенџере ставете ги малините, водата и шеќерот.
  2. Тенџерето ставете го на оган на висока температура за да може сокот да зоврие за брзо време.
  3. Штом сокот зоврие, намалете ја температурата и оставете го да се вари уште 10-15 минути.
  4. Потоа, малините испасирајте ги или изблендирајте со рачен блендер. Исцедете го сокот преку ситна газа за да се добие овошна каша.
  5. Во тенџерето повторно варете го добиениот сок и ставете го на оган кратко време за да зоврие. По желба додајте свежо цеден сок од еден лимон.
  6. Додека сирупот е жежок, ставете го во загреани чисти шишиња и добро затворете ги.

Совет плус: Додајте засладувач по ваша желба. За замена на кафеавиот шеќер можете да ставите мед или некој друг засладувач. Направете го овој прекрасен сируп и уживајте во текот на целата година!

Ви препорачуваме да прочитате: Кремаста торта со малини.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: