Јадете малини за витка линија и добро здравје

Јадете малини за витка линија и добро здравје

Јадете малини за витка линија и добро здравје! Да, баш тоа го тврдат истражувањата. Црвените малини се богати со витамини и минерали, имаат малку калории и низок гликемиски индекс. Покрај тоа, природните фенолни соединенија во малините имаат потенцијал за намалување на телесната тежина, па се супер храна за сите оние кои сакаат да ослабнат.

Меѓутоа, треба да се има во предвид дека и зрелоста на малините е исто така важен фактор. Според едно истражување спроведено во списанието Agricultural and Food Chemistry, малините се најлековити тогаш кога се потполно зрели. Вкупното ниво на антоцијанини во сите врсти на малини се зголемува во пропорција со нивната зрелост. Во продолжение дознајте нешто повеќе за лековитите својства на ова вкусно овошје.

малини за витка линија

Го помагаат процесот на слабеење

Кетоните во малинките претставуваат природни фенолни соединенија кои покрај другото, на ова овошје му даваат посебна арома која сите ја обожаваат. Во една студија која била спроведена во Универзитетот во Сеул на една група заморчиња им било давано високо калорична исхрана и кетони од малини. Иако, од ваквиот начин на исхрана се претпоставувало дека тие ќе добијат на тежина, тоа не се случило. Научниците веруваат дека тоа е благодарение на кетоните од малини кои им ги додавале во исхраната. Корејските научници веруваат дека овие кетони даваат голема надеж во борбата против дебелина, бидејќи нивната биолошка активност го менува липидниот метаболизам.  Исто така, тие го зголемуваат лачењето на хормонот адипонектин, кој учествува во процесот на спречување на појава на масни наслаги. Адипонектинот е протеин кој телото го користи за регулација на метаболизмот. Кетоните од малина придонесуваат за побрзо разградување на масните клетки, со што му помагаат на телото побрзо да ги согори масните наслаги.

Ги ублажуваат воспалителните процеси

Малините изобилуваат со хидроксибензоева киселина, антоцијанини, ресвератрол, и флавоноли како што се кварцетинот и каемпферол. Повеќето од овие фитонутриенти го чуваат здравјето на клетките од оштетување и ги регулираат воспалителните ензими. Со самото тоа што ги намалуваат воспалителните процеси, малините го намалуваат ризикот од хронични заболувања како што се дебелината, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларните заболувања.

Поседуваат антиканцерогени својства

Во последно време малините се особено актуелни благодарение на нивните антиканцерогени својства. Одредени истражувања покажале дека нутритивните материи кои ги поседува ова овошје се особено важни во намалувањето на оксидативниот стрес и воспалителните процеси. На тој начин тие го попречуваат развојот и репродукцијата на канцерогените клетки. Најновите истражувања дојдоа до нови откритија во врска со дејството на фитонутриентите кои ги содржат малините. Фитонутриентите го спречуваат претворањето на здравите клетки во канцерогени. Додека пак клетките кои се веќе заболени, се самоуништуваат благодарение на овие моќни ензими.

Ви препорачуваме да прочитате: Научете како да одгледате малини.

Сподели: