Направете сами миризливи крпи за бришење на дрвени површини 1

Миризливи крпи за бришење на дрвени површини

Овој прекрасен трик за природно и безбедно чистење на дрвениот мебел ни го привлече вниманието, па решивме да го споделиме со вас. Овие миризливи крпи за бришење на дрвени површини имаат прекрасен мирис, а многу е едноставно да се направат од намирници кои веќе сигурно ги имате во вашиот дом.

Сигурно и вие дома имате многу крпи за бришење кои ви се расфрлени насекаде по куќата. Време е да ги организирате сите на едно место за секогаш да ви се при рака  и да ви биде лесно за кога ќе одлучите да чистите низ дома. Ваквите миризливи крпи се најпогодни за чистење на дрвен мебел или дрвени подови, затоа што лимонот и маслото го негуваат дрвото. А, како дома да си направите миризливи крпи за чистење на дрвени површини?

Направете сами миризливи крпи за бришење на дрвени површини 2

Потребно:

  • 1 чаша јаболкова киселина
  • 1 чаша вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • кора од 1 лимон
  • 2-3 микрофибер крпи за бришење прашина
  • 1 поголема тегла со капак.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Во подлабок сад измешајте ги киселината, водата и маслото.
  2. Во добиената смеса потопете ги крпите, а вишокот на течност исцедете го од нив.
  3. Натопените крпи ставете ги во теглата, намотани околу кората од лимон.
  4. Пред да ги употребите за чистење, вака подготвените крпи оставете ги да отстојат неколку часа, а најдобро преку ноќ. Може да ги припремите и неколку дена пред да ги употребувате.
  5. Откако еднаш ќе ги искористите крпите, кората од лимон не ја фрлајте. Во теглата само додајте киселина и вода, па добро затворете со капак. Така секогаш ќе имате спремно средство за чистење.
  6. Откако еднаш ќе ги искористите крпите, исперете ги и можете повторно да ја повторите целата постапка.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно средство за чистење со портокал и цимет.

Сподели: