Иако може да се каже дека средствата кои ги купуваме за чистење на домот се повеќе делотворни од природните, за разлика од нив ова домашно средство за чистење мириса одлично, а чистењето ќе ви биде задоволство.
Замислете колку би било убаво да почувствувате пријатни мирисни ноти на портокал и цимет, наместо тешки мириси кои гушат додека ја чистите куќата. Со употребата на ова домашно средство за чистење ќе заборавите на потешкотиите кои ги предизвикуваат хемикалиите. Се прави многу лесно и едноставно, а со него можете да ги исчистите сите стаклени и мазни површини во домот.

Состојки:
- Кора од неколку портокали
- Стапчиња цимет
- Алкохолна киселина.
Подготовка:
- Портокалите измијте ги и издвојте им ја кората, па ставете ги во поголема тегла заедно со неколку стапчиња цимет.
- Додајте ја и белата киселина, па затворете ја теглата и оставете да стои на темно и ладно место во период од две недели.
- По две недели исцедете ја течноста во шише со прскалка и вашето домашно средство за чистење е спремно за употреба. Ако сакате посилна арома, додајте неколку капки етерично масло.