Отворена лазања од тортиљи 1

Отворена лазања од тортиљи

Уникатен начин за да се јаде лазања! Многу поинаку сервирано, а подеднакво или можеби и повеќе вкусно од обично. Направете си креативна гозба на трпезата и пригответе си отворена лазања од тортиљи!

На Катерина М, срдечно и се заблагодаруваме за идејата и рецептот, одличен е!

Отворена лазања од тортиљи 2

Состојки:

За тортиљи:

  • 300 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици ленено семе
  • 5 лажици масло
  • 1 лажиче сол
  • прстофат шеќер
  • околу 150 мл млака вода

За бешамел:

  • 250 мл млеко
  • 20 г путер
  • 20 г брашно
  • малку сол и црн пипер

Останати состојки – за фил:

  • 1 тиквичка
  • 1 поголем морков
  • 1 чешне лук
  • 80 г тенки колбаси
  • 150 г моцарела.

Подготовка:

  1. Најпрво замесете ги тортиљите. Во сад ставете ги сите состојки и со постепено додавање на водата замесете тесто.
  2. Тестото поделете го на 6 топчиња.
  3. Покријте ги со најлонска фолија и оставете ги да отстојат околу 20 минути.
  4. Во меѓувреме направете го бешамелот. Во касерола растопете го путерот, па додајте го брашното. Пропржете го, па додајте го топлото млеко и мешајте додека се згусти.
  5. Посолете, додајте малку црн пипер и оставете малку да се излади.
  6. Во тава со сосема малку масло ставете ги сечканото лукче и ренданите тиквичка и морков.
  7. Пржете додека малку омекнат.
  8. Моцарелата исечете на ја мали коцки.
  9. Колбасите исечете ги на мали парчиња.
  10. Откако тестото отстои, од секое топче расукајте кора со дијаметар околу 18 см, па пржете ги тортиљите вопретходно загреана нелеплива тава без масло.
  11. Испржените тортиљи ставајте ги во крпа за да стојат меки.
  12. Во калап со обрач (дијаметар 18 см) ставете една тортиља.
  13. Премачкајте со бешамел.
  14. Нанесете од филот со тиквичките и морковот, коцки моцарела и парчиња колбас.
  15. Одозгора ставете друга тортиља и повторете ја постапката со останатите тортиљи.
  16. На последната тортиља ставете само бешамел и коцки моцарела.
  17. Отворената лазања стаете ја да се печи во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Безглутенски хроно тортиљи со овесно брашно и мелено ленено семе.

Сподели: