тестенини во бел сос

Тестенини во бел сос 

Секој ден е идеален ден за тестенини во сос! Покрај, карбонара и болоњезе, ви препорачуваме да ги испробате тестенините во бел сос. Послужете ги со парче месо и имате комплетен оброк за ручек или вечера!

Време е за промена на менито и испробување на нови рецепти. Па, ајде да започнеме:

тестенини во бел сос

Состојки:

  • 400 г свинско месо од Агриа (плешка, каре или бут по избор)
  • 2 лажици масло
  • 1 пакетче тестенини по избор
  • 3 лажици несолен путер
  • 2 мали лажички сечкан лук
  • 3 лажици брашно
  • 1 чаша млеко 
  • 1 чаша пилешки бујон
  • 1 чаша рендан кашкавал
  • 2 мали лажички сушен магдонос
  • Сол, лук во прав и мелен црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Тестенините пригответе ги според упатството. Исцедете ги и оставете ги додека го припремате сосот. 
  2. Свинското месо исечете го на помали парчиња и зачинете го со црвена пипер, чили зачин, лук во прав и мелен црн пипер. 
  3. Во тава на оган ставете 2 лажици масло и 1 лажица путер. Штом путерот се растопи додајте ги парчињата месо. Пржете го месото од двете страни додека порумени.
  4. Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи. Додајте го лукот и пропржете го 1 минута. Потоа додајте го брашното и пропржете го исто, околу 1 минута. Додајте го млекото и бујонот и мешајте со жица додека сосот се згусти, за време од 5 минути. 
  5. Во садот додајте ги кашкавалот, магдоносот, лук во прав и мелен црн пипер. Продолжете со мешање додека кашкавалот се растопи. На крај додајте ги исцедените тестенини и измешајте.
  6. Во чинии ставете од тестенините, а над нив додајте парчиња месо. Послужете ги додека се топли. На здравје!

Совет плус:

Секогаш кога готвиш, готви со љубов и со најдобрите состојки. Набавувај свежи, македонски производи и поддржи ја македонската економија и компании. Набави домашно свежо месо од Агриа. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна? Така се заокружува принципот од „нива до трпеза“ и се добиваа месо со најдобар квалитет. За повеќе новости, следи ги Агриа на:

Може да те интересира: Макарони со ќофтиња од мелено месо во сос.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: