Безглутенски хроно тортиљи со овесно брашно и мелено ленено семе

Веќе долго време правевме различни рецепти за овесни тортиљи, но понекогаш резултатот беше успешен, а понекогаш не. Овесното брашно не содржи глутен и поради тоа е малку потешко за обработка. Но, ние не се откажуваме и тука сме да испробуваме различни рецепти и да креираме јадења за сечиј вкус. Така направивме безглутенски хроно тортиљи со овесно брашно и мелено ленено семе.

Која е тајната на совршената безглутенска тортиља? Одговорот се крие во меленото ленено семе од Фила. Пред скоро време си набавивме, а цената е многу пристапна. Истото може да го порачате преку онлајн продавницата на Фила или да го купите во поголемите маркети и продавници за здрава храна. Рецептот го испробавме повеќе пати, па еве да го споделиме и со вас. Сигурни сме дека најмногу ќе им се најде на лица кои имаат интолеранција на глутен, оние кои се на хроно исхрана, постат, се хранат здраво или се вегани.

хроно тортиља

Состојки:

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги овесното брашно и меленото ленено семе. Измешајте ги со лажица. Потоа во садот додајте вода по потреба и мешајте. Потребно е да добиете каша, малку погуста од смесата за палачинки.
  2. На оган, на умерена температура ставете тавче за палачинки да се загрее. Во загреаното тавче додајте малку ладно цедено сончогледово масло. Потоа, ставете половина од смесата за тортиљите и внимателно распоредете ја низ целата тава.
  3. Тортиљата печете за време од 2 до 3 минути, а потоа превртете ја да се пече од другата страна. Постапката повторете ја и со преостаната смеса за тортиљи.
  4. Готовите тортиљи наполнете си со фил по желба, месо, млечен намаз, ајвар, хумус, зеленчук. Послужете ги додека се топли. На здравје!
Безглутенски хроно тортиљи со овесно брашно и мелено ленено семе

Ви предлагаме да прочитате: Пикантни интегрални грицки со ленено семе и сусам.

Сподели: