топло чоколадо

Највкусното домашно топло чоколадо

Што има повкусно од домашно топло чоколадо во ладните есенски денови? Ем ќе ве заслади, ем ќе ве згрее! И додека повеќето од нас подготвуваат чај или пак салеп, најдобриот топол напиток несомнено е домашното топло чоколадо.

Но, знаете ли како да направите совршено топло чоколадо? Може да се рече дека малкумина знаат да подготват совршено слатко и густо чоколадно задоволство на кое буквално ќе се навлечете. Затоа ви го претставуваме најдобриот рецепт за највкусното домашно топло чоколадо. А од чоколадното уживање ве делат само 10-тина минути!

домашно топло чоколадо

Состојки:

  • 1 ½ чаша млеко
  • ½ чаша слатка павлака
  • 2 мали лажици шеќер во прав
  • 200 грама сечкано чоколадо за готвење.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на умерена температура измешајте го млекото, слатката павлака и шеќерот во прав. Внимателно мешајте ги додека смесата се затопли, но внимавајте да не зоврие.
  2. Тенџерето тргнете го од огнот и додајте го сечканото чоколадо. Мешајте додека чоколадото се растопи. Доколку е потребно, тенџерето кратко вратете го на огнот, за да може чоколадото целосно да се растопи.
  3. Топлото чоколадо ставете го чаши, декорирајте со рендано чоколадо и послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашно топло чоколадо со какао и густин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: