Домашен ликер од портокал 1

Домашен ликер од портокал

Овој пијалак со заводлив вкус се прави многу лесно! Единствено што треба да имате при подготовката на домашниот ликер од портокал е трпение, затоа што мора да се почека некое време додека се консумира.

Откако ќе го прочитате целиот рецепт, ќе знаете дека добро сме ве упатиле. Навистина е лесно да се направи, но треба да чекате барем неколку месеци за да уживате во него. Во секој случај имајте на ум едно нешто, вреди!

Домашен ликер од портокал 2

Може да ве интересира:  Природен ликер од ментол и Домашен ликер од боровинки.

Состојки:

  • 1 литар рум
  • 4 литри бело вино
  • 700 гр шеќер
  • 12 портокали
  • 2 лимони
  • 2 стапчиња ванила (за замена може да употребите неколку лажици екстракт од ванила).

Подготовка:

  1. Портокалите и лимоните, добро измијте ги и исечете ги на парчиња.
  2. Во голема тегла или друг чист сад со капак, турете го виното, шеќерот и румот. Мешајте со лажица додека шеќерот убаво се стопи.
  3. Во садот со мешавината додајте ги и претходно исечените портокали и лимони.
  4. Додајте ја и ванилата и добро промешајте.
  5. Садот затворете го со капак и држете го на ладно и темно место. На секои седум дена промешувајте го ликерот. Така припремен оставете го да стои 40 дена, а потоа процедете го и турете го во шишиња и оставете го на ладно место уште неколку месеци.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен ликер од кокос.

Сподели: