Поканете ги вашите пријателки на вкусен ликер од боровинки кој може многу лесно да го направите. Доволно е само еднаш да го пробате, па да го засакате неговиот ароматичен вкус.
Рецептот за домашниот ликер од боровинки ни доаѓа од кујната на Даниела. Со оглед на тоа што сега е сезона на боровинките, време е да испробаме нешто ново и интересно. Направете го и уживајте во убавите моменти со пријателите. Тоа се памети, нели?

Состојки:
- ½ кг боровинки
- 400 гр шекер
- 500 мл 50% домашна ракија.
Подготовка:
- Боровинките се мијат и се оставаат да се исушат врз кујнска хартија.
- Во чисто стаклено шише или тегла се ставаат боровинките и се налеваат со ракијата.
- Шишето се затвора со капак и се остава на темно место, на собна температура за време од 3 недели. При подготовка на овој ликер, шишето не се изложува на сонце.
- Во текот на овие три недели, шишето повремено се протресува.
- Потоа, течноста се цеди. Исцедените боровинки се чуваат во кутија во фрижидер и по потреба може да се користат за колачи или торти.
- Во течноста се додава шеќерот. Шишето со ликерот од боровинки се повремено се протресува за да се растопи шеќерот за време од неколку часа.
- Штом шеќерот е растопен, готовиот ликер од боровинки е спремен за служење. На здравје!
Рецептот го испратил: Даниела Џогова.