Овој пијалак е наменет за сите дами, кои уживаат во вкусните ликери. Некои веќе долги години го приготвуваат овој ликер од кокос, а ние го пробавме на гости, па го споделуваме рецептот со сите вас.
Потребни ви се неколку состојки да го направите, а сигурни сме дека ги имате во вашата кујна. Не двоумете се, одете веднаш во кујната, направете ликер од кокос и поканете ги пријателките на добро дружење.

Состојки:
- 100 гр кокос
- 300 мл ракија
- 400 мл трајно млеко
- 300 гр шеќер.
Подготовка:
- Во длабок сад или тегла ставете ги кокосот и ракијата да стојат за време од 24 часа.
- Потоа, течноста добро исцедете ја за да нема раски. Во исцедената течност додајте го млекото и шеќерот. Мешајте додека шеќерот се растопи.
- Вака приготвениот ликер од кокос турете го во чисти стерилни шишиња, затворете го со капак и чувајте го во фрижидер. Ликерот од кокос послужете изладен го во мали чаши. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Ликер од црвено вино.