ликер од црвено вино

Ликер од црвено вино

Дали знаете дека потребни ви се само три состојки за да направите фантастичен ликер? Можеби чудно звучи, но ликерот од вино е божествен пијалак кој може да ви ја затопли душата и телото.

Уште одамна постојат податоци за придобивките од консумирањето на црвеното вино, како и за неговото значење и употреба. Тоа е богато со антиоксиданси, а препораките од нутриционистите е да се пие умерено по една чаша на ден. Ликерот од црвено вино е идеален за ладните зимски денови и за сите моменти кога ви треба малку тополина и љубов. Подеднакво е добар за празничните денови и за сите убави моменти кога сакате да ја поделите својата љубов и среќа.

Не размислувајте, пробајте го и овој рецепт од нашата кујна.

ликер од црвено вино

Состојки:

  • 1 литар црвено вино (најдобро е да се користи Бургундец)
  • 1 кг шеќер
  • 500 мл коњак.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го виното, коњакот и шеќерот.
  2. Со помош на лажица мешајте за време од 3 до 4 минути за да се растопи шеќерот. Постапката со мешање повторете ја неколку пати додека шеќерот потполно се растопи.
  3. Потоа, приготвениот ликер од црвено вино соберете го во чисти шишиња и чувајте го на ладно и темно место.

Оваа слатко – кисела комбинација и ароматичниот вкус, добро ќе ве расположат. Затоа, направете го и наздравете, споделете радост и среќа!

Сподели: