Здраво и зелено смуди полно со хранливи материи, добро би дошло на секого! Ароматичната банана, слаткиот мед, освежителниот јогурт и колоритниот спанаќ, тие се состојките кои укажуваат на исклучителната вредност на овој пијалак.
Прекрасен чоколаден напиток за вкусно уживање со најмилите! Нашиот рецепт за посно чоколадно смути кој ни го испрати Невена е фантастичен, зашто може да го пијат и оние кои постат, оние кои обожаваат вегански и вегетаријански начин на живот и сите кои умеат да уживаат во слатките задоволства кои ги нуди животот.
Летните денови се посебно совршени за некоја голтка ладно пиво со избрано друштво, а можеби и цела кригла или шише. Интересно е што, во целиот свет постојат денови за празнување на пивото и негова дегустација и често таквото фестивалско празнување трае со денови и го посетуваат многу локални граѓани, гости и љубители на пиво од соседните градови и секаде од светот, а 7-ми август е прогласен за интернационален ден на пивото.
Како и обично она што ни го презентира Џејми Оливер е лесно, забавно и интересно, а пред се не постои никаков сомнеж во неговиот резултат. Во ова видео тој ни презентира како можеме сами да направиме најдобар класичен Мохито коктел, кој е еден од најпопуларните во светот. Многу освежувачки, многу симпатичен и уште повеќе едноставен за подготовка.