Зелено смуди со спанаќ, банана и мед 1

Зелено смуди со спанаќ, банана и мед

Здраво и зелено смуди полно со хранливи материи, добро би дошло на секого! Ароматичната банана, слаткиот мед, освежителниот јогурт и колоритниот спанаќ, тие се состојките кои укажуваат на исклучителната вредност на овој пијалак.

Особено би било убаво да го направите наутро и со силна доза на енергија, витамини и свежина да го започнете денот.  Ако пак сакате да дознаете повеќе за тоа како да направите совршено смуди, кликнете тука и прочитајте.

Зелено смуди со спанаќ, банана и мед 2

Состојки:

  • 1 банана
  • 1/4 чаша јогурт
  • 1/4 чаша вода
  • 2 чаши свежи листови од спанаќ
  • 1 лажица мед
  • кришка зелен лимон по желба
  • по желба неколку исечкани бадеми за декорација.

Подготовка:

  1. Листовите спанаќ измијте ги и ставете ги во блендер.
  2. Откако убаво се изблендирале, додајте ги медот и јогуртот. Доколку не сакате јогурт, можете да го замените со млеко.
  3. Бананата излупете ја и исечена на кругови додајте ја во блендерот.
  4. Блендирајте 1-2 минути или додека смесата стане убаво хомогена, па додајте ја и водата и сокот од кришката зелен лимон. Измешајте со лажица и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Смуди за добро варење и здрава цревна микрофлора.

Сподели: