Совршен Мохито коктел на домашен начин

Рецепт за совршен Мохито коктел

Како и обично она што ни го презентира Џејми Оливер е лесно, забавно и интересно, а пред се не постои никаков сомнеж во неговиот резултат. Во ова видео тој ни презентира како можеме сами да направиме најдобар класичен Мохито коктел, кој е еден од најпопуларните во светот. Многу освежувачки, многу симпатичен и уште повеќе едноставен за подготовка.

Ние ќе ви дадеме рецепт за да подготвите една доза Мохито коктел, а вие секако ќе може да ја зголемувате количината на состојките според бројот на лица кои ќе уживаат заедно со вас.

Состојки:

  • 1 зелен лимон
  • 7-8 ливчиња нане за подготовка и неколку за декорација
  • 1 лажица шеќер
  • 50 мл бел рум
  • 15 коцки мраз
  • малку минерална вода.

Подготовка:

  1. Најпрво земете зелен лимон и со помош на раката кратко валајте го врз рамна цврста подлога.
  2. Отстранете го крајниот дел од зелениот лимон, пресечете го на половина, а потоа на 4 парчиња. Ставете ги парчињата зелен лимон во чашата.
  3. Додајте 7-8 ливчиња нане, кои најдобро е да бидат што помлади и помали бидејќи тие се пуштаат најмногу арома и се најсвежи. Пред да ги додадете, тапнете ги со рацете за поубаво да се ослободи аромата.
  4. Додајте една лажица шеќер и со кујнски алат, малку изгмечете ги состојките во чашата.
  5. Во чашата за Мохито коктел додајте и 50 мл бел рум, а потоа 15 коцки мраз кои е најдобро да се ситни или можете тоа да го направите како Џејми што го прави во видеото. Со иситнетиот мраз наполнете 3/4 од чашата.
  6. Додајте малку минерална вода, измешајте со лажица и дополнете ја чашата со кршен мраз. Декорирајте со листови нане и уживајте во ладниот Мохито коктел. На здравје!

Сподели: