природен ликер од ментол

Природен ликер од ментол

Направете си домашен ликер од ментол и овозможете си вистинско уживање со пријателите и пријателките! Вкусот е одличен, а освен со нане можете да експериментирате и да пробате да направите ликер и со други миризливи тревки.

Подготовката е на многу едноставен начин, а јачина и количина на состојките ја дозирате според вашиот вкус, блажината на ликерот кој сакате да го добиете и се разбира количината на алкохол која обично ја преферирате. За подготовката на ликерот ќе ви биде потребно малку време и повеќе трпение, бидејќи неопходно е да остане на сонце месец дена. што значи ќе мора да почекате пред да го дегустирате, но затоа подоцна ве очекува неодоливо уживање од кое нема да можете да се заситите!

природен ликер од ментол

Состојки:

  • 1 литар лозова ракија
  • околу 1 шолја од 250 мл шеќер
  • околу 7 гранчиња свежо нане.

Подготовка:

  1. Во шише ставете ги сите состојки, промешајте и оставете го на сонце еден месец.
  2. За тоа време повремено протресувајте го шишето.
  3. Доколку сметате дека сте ставиле малку шеќер или сакате уште појак вкус на ментол, слободно додадете.
  4. Откако ќе го добиете посакуваниот ликер по вкус, мирис и боја (од прилика по еден месец) не заборавајте да ги извадите гранчињата нане.

Доколку  не сакате благи ликери, изоставете го шеќерот и ќе добиете ракија со вкус на ментол, за што исто така може да пробате и со анис.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: