тостирана тортилја со биено сирење 1

Јадење за 5 минути – тостирана тортилја со биено сирење

Вкусот на традицијата за 5 минути! – Биено сирење, нане и пипер, стокмени во крцкава тостирана тортилја! Што повеќе ти треба? – Ништо! Пробај и ќе ми поверуваш! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

Гладен си и се „чудиш“ што да јадеш, а времето ти е кратко? – Ова е рецептот кој ти треба! Се навратив на старите навики од детството, само им дадов нов модерен „шмек“ и оброкот беше вистинско уживање. Нема претходна припрема, виткаш, тостираш и имаш топол крцкав оброк. –  @katerina.shambevska со расположение ја пренесува леснотијата за оброкот.

тостирана тортилја со биено сирење 2

Состојки:

Подготовка:

  • Тостерот приклучете го да се загрева.
  • За тоа време припремете тортилја. На половина од „кругот“ поросете буковска пипер и нане по вкус, а потоа додајте изронето или на тенки ленти сечкано биено сирење. 
  • Преклопете ја тортилјата и потоа на половина од преклопената површина, повторно ставете нане, пипер и сирење. Превиткајте ја.
  • Пред печење премачкајте ја со малку путер и од горе и од долу, или ставете неколку потенки парчиња кои ќе се стопат при тостирањето.
  • Тостирајте ја тортилјата до посакуваниот стен на крцкавост и на здравје!

Совети плус:

  • Дозата на тортилји, биено сирење и традиционални зачини е баш по вкус на секој од нас. На сите нас ни е потребно различно за да се најадеме.
  • Традиционалните зачини може да ги замените со други, доколку сакате да експериментирате со поинаков вкус, на пример да ставите оригано и црн пипер. Пробав и така, преубаво е.
  • Биеното сирење може да го замените со кашкавал или бело сирење. Сите млечни производи може да ги набавите од палетата на Млекара Тетово.

Сакаш испробани рецепти и лесни идеи? – Разгледај и заследи ме:

Рецепти кои претходно сме ги испробале со производите од палетата на Млекара Тетово:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: