Овошен јогурт со овес и чиа 321

Овошен јогурт со овес и чиа – здрав, вкусен и брз појадок

„Многу често денот ми почнува со ваков појадок, а она што се менува е најчесто овошјето, кое преферирам да е сезонско. Ако сакате да следите здрав животен стил и да стекнувате нови корисни навики, ви предлагам да ја пробате мојата супер комбинација за убав енергичен ден. Вака приготвен овошен јогурт со овес и чиа, е одличен и соодветен за целото семејство!“- вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ja ни направи и мала фотосесија од појадокот.

„Кај нас дома е обожаван, а многу важно и одобрен од моето синче. Како мајка, го препорачувам на сите родители за вашите дечиња, затоа што среќно дете и среќна мама е она што сите го сакаме!“- додава Катерина и вели дека убаво се вклопиле јогуртите на нашите пријателите од Млекара Тетово.

Состојки:

*за 2 порции

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги овесот, чиа семето и јогуртот. Затворете со капак и оставете да отстои во фрижидер 2 часа или преку ноќ.
  2. Поделете ја смесата во 2 чинии и пред сервирање додајте ја сечканата праска, во двете чинии подеднакво.
  3. Бадемите исечкајте ги и поделете ги во 2-те чинии.
  4. Декорирајте по желба, а ако обожавате благо, додајте и лажица мед во порцијата. На здравје!

Совети плус:

  • Ако сакате да е потечно, додајте плус количина од јогуртот.
  • Ако имате потреба да го приготвите за пократко време, користете поситни овесни снегулки. 
  • Праските може да ги замените со било кое бобинкасто овошје, свежо или замрзнато. Убаво е и со банани и/или киви. Може да се изненадите што фантастично одговара со јаболко, а во таков случај дефинитивно препорачувам и прстофат цимет.
  • За мали деца, бадемите може ситно да ги измелите, да ги замените или да ги изоставите.
  • Предлог тема да прочитате: Јогурт и кисело млеко за подобар метаболизам, расположение и здрав имун систем.

Препорака од авторот:

На крај, ако ви се допадна мојот рецепт и љубовта со која ја припремам и прикажувам храната, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: