Варено вино со мед и џин 1

Варено вино со мед и џин

Еден од најздравите начини да ни биде топло во ладниот период од годината е да јадеме храна која загрева и да пиеме корисни пијалаци. За да ни биде поудобна и потопла зимата, да си направиме пијалак за уживање, домашно варено вино со мед и џин!

Нашата пријателката Лана, ни го предлага овој вкусен рецепт, а ако сакате да дознаете повеќе кои зачини се одлични за загревање на тлото, кликнете тука.

Варено вино со мед и џин 2

Состојки:

  • 750 милилитри вино
  • 1 портокал
  • 2 стапчиња цимет
  • неколку каранфилчиња
  • ѕвездест анис по желба (2-3 парчиња)
  • 2 лажици мед
  • 60 мл џин по желба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го претходно измиениот и на кругови исечен портокал.
  2. Додајте ги стапчињата цимет, ѕвездестиот анис по желба, медот и турете го виното.
  3. Загрејте го, но внимавајте да не зоврие зашто ако зоврие, алкохолот ќе испари. Варете го на тивка температура околу 15-20 минути.
  4. На крајот додајте го џинот и сервирајте. На здравје!

Препорака плус: Каранфичето можете да го набоцкате во кората од портокалот, за подоцна полесно да можете да го извадите, а освен тоа ќе изгледа и декоративно.

Ви препорачуваме да прочитате: Варено вино со портокал, јаболко и цимет.

Сподели: