Летно смути со спирулина и краставица

Летото е на прагот, а ние копнееме по свежи и зелени оброци! Од таму ни е и идејата да направиме освежително смути со спирулина. Го споделуваме со вас токму затоа што е нутритивно богато и е лесно за подготовка. Совршен рецепт за сите вегани и оние кои постат или се на диета. Се надеваме дека ќе ви се допадне, а ако го пробате тагитајте ја @sezahrana.mk!

Кремасто и светло зелено, совршено слатко, лесно и брзо, може да го носите каде сакате и плус е вкусно. Погодно е за појадок или ужина, дури и на работа. 1 чаша смути има 225 калории и содржи 36,8 г јаглехидрати, 5,8 г протеини, 9,7 г масти, 72 мг натриум, 4 г растителни влакна и не содржи холестерол и транс масти.

Спирулината е нутритивно богата модрозелена алга. Богата е со витамини од Б групата, јод, бета каротен, антиоксиданси, железо и манган. Ги содржи сите есенцијални аминокиселини и е концентриран извор на витамини и минерали. Помага за детоксикација и алкализација на телото. Сите овие особини се причина спирулината да се нарекува суперхрана. Како резултат на сето ова, одлично се вклопува во разни смути, палачинки и слично.

Состојки:

  • 1 замрзната средно зрела банана
  • 1/2 чаша исечена краставица
  • 1 чаша кокосово или друго растително млеко
  • 1 чаша свеж или замрзнат спанаќ
  • 1 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав
  • 1 лажица чиа семе.

Подготовка:

  1. Бананата излупете ја и исечете ја на кругови. Наредете ја во рамен сад во еден слој и замрзнете ја за време од 1 до 2 часа. Замрзнатите кругови банана ставете ги во блендер.
  2. Краставицата по желба излупете ја или ставете ја во блендерот неизлупена.
  3. Додајте ги кокосовото млеко, спанаќот, спирулината и чиа семето.
  4. Блендирајте додека да добиете кремасто и мазно смути.
  5. Ако е премногу густо за ваш вкус, додајте уште малку млеко или вода, а ако е тенко, додајте уште банана.
  6. Готовото смути со спирулина и краставица, послужете го директно од чашата за блендер, а за поголема калориска вредност, од горе ставете боровинки, гранола и уште малку чиа семе.

За подготовка на ова смути користете спирулина во прав од проверен производител

За да направите нутритивна бомба од ова смути, ви ја препорачуваме Hawaiian Spirulina 142 gr прав на Nutrex. Hawaiian Spirulina може да ја набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава, или во поголемите аптеки низ земјава.

Зошто токму Hawaiian Spirulina на Nutrex?

Hawaiian Spirulina содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки во својата изворна форма. Содржи 8 есенцијални аминокиселини и масни киселини, вклучувајќи ја и Гама линоленската киселина, омега 3 и омега 6, калиум, јод, магнезиум, цинк, селен, фосфор, дигестивни ензими, хлорофил, порфирин и фикоцианин. Во 10 грама спирулина има само 36 калории. Hawaiian Spirulina е еден од најбогатите и најкомплетни извори на хранливи материи во светот.

Дополнително, Hawaiian Spirulina:

  • содржи 65% лесно сварлив протеин
  • претставува најдобар извор на биолошко железо
  • има 5 пати повеќе калциум од млекото
  • содржи 3 пати повеќе витамин Е од пченичните никулци
  • богата е со Б витамини, особено Б1, Б3 и Б12.

Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење.

спирулина ново пакување

Од сега може да ја најдете во ново пакување, а сепак со истиот квалитет. Повеќе информации за Hawaiian Spirulina прочитајте тука. За сите дополнителни консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Гранола плочки со спирулина за посилна крв.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: